Велосипедот е најдоброто превозно средство и за време на епидемијата

Се разбира, сѐ уште е најважно да останете дома и тоа е најважниот совет што треба да го послушате. Но ако сепак, мора да излезете, нема подобар избор од велосипедот.

0
160

Во период кога целата планета се бори со стравична пандемија, во глобален карантин и парализа на сите форми на секојдневниот, нормален живот, возењето велосипед се покажува не само како најоптималното и пожелно средство за превоз, туку и како лековита физичка активност во време кога самоизолацијата е императив.

Дека велосипедот му е потребен на човекот и на планетата повеќе од кога било се потврдува со фактот дека возењето велосипед е апсолутно во согласност со пакетот препораки што треба да се следат за време на пандемија:

– Избегнувајте преполни места = возете велосипед

– Држете пристојно растојание од луѓето кои кашлаат или киваат = возете велосипед

– Избегнувајте јавен превоз = возете велосипед

– Изложете се на сончевите зраци, зајакнете го имунитетот на свеж воздух = возете велосипед

– Ви недостасува салата за вежбање? = возете велосипед

– Не работите заради пандемијата? = возете велосипед

– Одржете позитивен ментален и психолошки став = возете велосипед

Ако не верувате дека сега е вистинско време да започнете со велосипедизам, размислете:

Ако одите на работа, возењето велосипед ви овозможува да избегнете контакт со луѓето сè додека не стигнете на работа, а се заштитувате и вие и вашите најблиски. И обидете се да ги убедите колегите да го користат велосипедот во оваа ситуација, за и тие да можат да ги заштитат своите најблиски.

Оние кои отсекогаш велеле дека се плашат од возење велосипед по улиците, во сообраќајот, сега е вистинска можност да се ослободат од тој страв со оглед на тоа што интензитетот на сообраќајот сега е намален (ќе се здобиете со самодоверба во себе за да продолжите со велосипедизмот и во иднина).

Оние што треба да стигнат до продавница, треба да имаат предвид дека на велосипед постои минимална веројатност дека може да пренесете или да добиете вирус, а притоа можете да купите и да пренесете повеќе намирници со помош на велосипедот.

Исто така, многу е полесно да се исчисти велосипед отколку автомобил.

Во ситуација кога не се знае колку може да трае пандемијата, најважно е да се намали можноста за инфекција на минимум со сите расположиви средства, а возењето велосипед е секако една од нив.  Притоа, бесплатен е и еколошки, а да не зборуваме за лачењето на хормонот за среќа – серотонин.

Се разбира, сѐ уште е најважно да останете дома и тоа е најважниот совет што треба да го послушате. Но ако сепак, мора да излезете, нема подобар избор од велосипедот.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]