Воспитување на дететo за време на коронавирусот: Седум совети за разведените родители

Овој период бара и доза на емпатија па можеби и великодушност кон вашиот поранешен партнер. Имајте на ум дека станува збор за благосостојбата на вашето дете. Еве ги упатствата кое ги издало Здружението на адвокатите специјализирани за разводи за разведените родители

0
302

Меѓу многуте секојдневни проблеми со кои се соочуваат родителите во текот на оваа пандемија, често не се зборува за една особено ранлива група родители, разведените родители. Се поставува прашањето за тоа што мора да се почитува од она што се наоѓа во планот за заедничка родителска грижа во овој период, а каде да се повлече граница. Нема јасен одговор и ситуацијата е во најмала рака комплицирана. Соочувајќи се со овој проблем, во Соединетите држави, Здружението на адвокатите специјализирани за разводи издало упатства за разведените родители кои се состојат од седум совети.

Покрај овие совети, овој период бара и доза на емпатија па можеби и великодушност кон вашиот поранешен партнер. Имајте на ум дека станува збор за благосостојбата на вашето дете. Еве ги упатствата:

Внимавајте на здравјето. Следете ги упатствата и бидете добар пример за вашето дете. Редовно мијте ги рацете, дезинфицирајте ги површините и почитувајте ги упатствата за социјално дистанцирање. За да бидете информирани, следете ги релевантните медиуми и избегнувајте ги информациите што кружат на социјалните мрежи.

Бидете внимателни. Бидете искрени со вашето дете за опасностите што доаѓаат со оваа пандемија и сериозноста на ситуацијата, но задржете ја смиреноста. Важно е децата да бидат свесни дека со текот на времето ќе помине оваа состојба и дека сè ќе биде добро. Внимавајте на коментарите кои ги давате додека вашите деца се во близина и обидете се сепак малку да им го ограничите пристапот до вестите.

Почитувајте ги одлуките на судот и Центарот за социјални работи. Колку што е можно, без оглед на невообичаените околности, обидете се да ги почитувате одлуките што се донесени со разводот. Во ситуации кога тоа не е можно од објективни причини, обидете се да комуницирате со другиот родител, но информирајте го Центарот за социјална помош за вашите одлуки.

Бидете креативни. Сосема е можно едниот родител сега да не може да го види детето некое време, додека во исто време другиот ќе има повеќе обврски од договореното. Бидејќи одредени планови сигурно ќе треба да се променат, иницирајте блискост со родителот кој не може да го види детето преку FaceTime, Skype, заедничко гледање филмови и читање книги.

Бидете транспарентни. Ако се сомневате дека можеби сте биле изложени на вирус или ако имате симптоми на болеста, бидете искрени со другиот родител и договорете се заедно за да го заштитите вашето дете од изложеност. Се разбира, ако детето се разболи, и двајцата родители мора да ја имаат оваа информација.

Бидете дарежливи. После кризата, обидете се некако да договорите дополнително време за родителот кој не бил во можност да го види детето во овој период. Бидете флексибилни околу можноста за видување и имајте на ум дека на вашето дете сигурно му недостасува и сака да го види и другиот родител.

Бидете полни со разбирање. Нема сомнение дека пандемијата ќе доведе до економска криза и губење на многу работни места. Многу родители кои плаќаат алиментација може да се најдат во проблем. Ако сте тоа вие, обидете се да уплатите барем некоја сума месечно, дури и ако не можете да ја платите целата сума. Ако сте родител кој прима алиментација, обидете се да покажете разбирање. Секако, недостатокот на пари исто така ќе биде проблем за вас, но обидете се заедно да се договорите да го правите она што е во најдобар интерес на детето. А тоа можеби не се секогаш парите.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]