Што ги прави мажите позагрозени од коронавирусот во однос на жените?

СЗО наведува дека врз основа на статистиката од Кина, поголемиот дел од заболените од кoрoна биле мажи. Стапката на смртност кај мажите била околу 2,8% во јануари, додека кај жените е 1,7%. Исто така, се знае дека мажите се поподложни на грип. Слична ситуација се случи во 2003 година, за време на епидемијата на САРС во Хонг Конг.

0
293

Додека бројот на заразени лица се зголемува секојдневно, според анализата која Светската здравствена организација (СЗО) ја спровела во Кина, најранливи се постарите лица со болести на срцето, крвните садови и вените, дијабетичарите, оние со висок крвен притисок, хронична респираторна болест и малигнитет. Меѓу заразените се мажи, жени, па дури и деца.

Што ги прави мажите поранливи?

СЗО наведува дека врз основа на статистиката од Кина, поголемиот дел од заболените од кoрoна биле мажи. Стапката на смртност кај мажите била околу 2,8% во јануари, додека кај жените е 1,7%. Исто така, се знае дека мажите се поподложни на грип. Слична ситуација се случи во 2003 година, за време на епидемијата на САРС во Хонг Конг.

Експертите идентификуваа некои предиспозиции кои ги прават мажите почувствителни:

Жeните имаат посилен имунитет заради хормонот естроген. Овој женски хормон го стимулира имунолошкиот одговор и штити од инфекции. Од друга страна, машкиот полов хормон, тестостерон го инхибира имунолошкиот систем.

Покрај тоа, одговорот лежи во генетиката. Германскиот молекуларен биолог објасни дека гените одговорни за имунолошката состојба на организмот се наоѓаат во Х хромозомот. Мажите имаат еден Х, еден Y хромозом, а жените два Х.

Кога станува збор за начинот на живот, ситуацијата овде е прилично јасна. Повеќето мажи не се грижат толку многу за своето здравје и за здравите навики како што прават жените. Исто така, познато е дека има повеќе пушачи помеѓу мажите, со што нивните бели дробови се помалку отпорни на вируси.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]