Истражување за коронавирусот кај деца: Кои се симптомите и просечната возраст на заразените?

„За разлика од заразено возрасно лице, повеќето заразени деца имаат поблаг клинички тек“, велат авторите на истражувањето во New England Journal of Medicine.

0
288

Коронавирусот досега зарази повеќе од 340.400 луѓе, а повеќе од 14.500 луѓе загинаа. Сепак, податоците за најмладите пациенти се и натаму прилично сиромашни.

Сепак, последното истражување објавено во New England Journal of Medicine, потврдило два случаи на смртни случаи на деца во Кина. Според него, станува збор за 10-месечно бебе кое било болно пред инфекцијата со коронавирус, и 14-годишно момче. Имено, едното дете се лекувало од леукемија, а другото страдало од бубрежни заболувања.

Важно е да се потенцира дека истражувањето вклучувало само деца третирани во детската болница во Вухан.

Од 1391-те деца тестирани од 28 јануари до 26 февруари 2020 година, 171 биле заразени. Било утврдено дека просечната возраст на заразени деца е 6,7 години. Треска била присутна кај 41,5% од децата, а вкупно 27 пациенти (15,8%) немале симптоми на инфекција. Вкупно 12 пациенти имале радиолошки карактеристики на пневмонија, но немале симптоми на инфекција. За време на хоспитализацијата, на три пациенти им била потребна помош за интензивна нега и респиратори. Лимфопенија или абнормално низок број на лимфоцити, била присутна кај 6 пациенти (3,5%). Исто така, 4,4 проценти немале никакви симптоми.

Кај новороденчињата и децата под една година, 11% развиле тешка или критична болест, како и 7% од децата на возраст меѓу една и пет години. Само 4% од заразените деца на возраст меѓу 6 и 15 години станале тешко сериозно или критично болни, а само 3% од заразените тинејџери на возраст над 16 години претрпеле сериозни компликации, пренесува Лос Анџелес Тајмс.

„За разлика од заразено возрасно лице, повеќето заразени деца имаат поблаг клинички тек“, велат авторите на истражувањето во New England Journal of Medicine.

Исто така, експертите ја испитувале разликата во зачестеноста на болеста кај момчињата и девојчињата. Според нив, постои мала разлика во веројатноста да се инфицираат или да заболат момчињата и девојчињата.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]