Елена Петреска: Од карантин поради сипаниците, во карантин поради коронавирусот

Во овој период на самоизолација, ѕиркаме во домовите на нашите сограѓани, познати, непознати и помалку познати и ги прашуваме како им минуваат деновите ним и на нивните деца. Мецосопранот Eлена Петреска Толевска и до скоро поп пејачка, откако цела зима се справувала со сипаниците на децата, вели дека сега, во самоизолација поради коронавирусот, веќе имаат пракса - цртаат, учат, играат во дворче, готват и се занимаваат со вселената и сончевиот систем

0
1039

Eлена Петреска Толевска која неодамна се повлече од естрадата и ѝ се посвети на класичната музика, со оглед на тоа што и онака веќе со години е дел од ансамблот на Македонската опера и балет, во овој период на ссамоизолација поради пандемијата со коронавирусот, е дома со своите деца Михаел и Софиа, додека сопругот Андреј оди на работа.

За тоа како им минуваат деновите во самоизолација, Елена вели:

„Дома сум со децата, ама на тоа веќе се навикнавме затоа што претходно, буквално цела зима ја поминавме дома заради сипаниците кои прво ги доби Михаел, а после него и Софиа. Такашто, ова со коронавирусот ни е само продолжеток на изолацијата.

Децата имаат многу енергија во себе, па затоа не е лесно да се по цел ден затворени дома. Си бараат внимание, па морам постојано да ги анимирам. Цртаме, пишуваме букви, собираме и одземаме, играме фризби и баскет во дворче и секако, дел од денот е одвоен за гледање цртани филмови, навика од која никако не можам да ги ослободам, иако се трудам да ја ограничам.

Михаел е преокупиран со вселената и соларниот систем, па секој ден цртаме и изработуваме ракети.

Но најбитно од сѐ е дека ја почитуваме одлуката од Министерството за здравство за домашен карантин, одговорни сме и апелирам до сите луѓе да бидат општествено одговорни, зашто само така, заеднички, ќе му се спротивставиме успешно на вирусот“, порачува Елена.

[better-ads type='banner' banner='999' ]