Инстаграм баби!

Сузи Грант е седумдесетгодишна блогерка од Велика Британија, која сака да ја шири пораката за стареењето на неверојатен начин.

0
260

Милениумци, внимавајте, доаѓа нова генерација на инфлуенсерки кои оставаат трага на социјалните мрежи.

Инстабаби – инаку познати како инфлуенсерки на постари години на социјалните медиуми – стануваат светски феномен.

Сузи Грант е седумдесетгодишна блогерка од Велика Британија, која сака да ја шири пораката за стареењето на неверојатен начин.

Таа е дел и од кампањата која ги охрабрува жените на постара возраст да ја скршат тишината околу инконтиненцијата и сексот со оваа неверојатна нова ТВ-реклама наречена #Ageless.

„Оваа кампања вклучува жени од наша возраст кои зборуваат и за секс и за инконтиненција пред камера, за првпат во Велика Британија! Ми се допаѓа кога дамите ја нарекуваат инконтиненцијата „кивавица“. Снимена е од Јоргос Лантимос, режисер на филмот „The Favourite“, па нема да ве разочара … ..таа е направена со вкусно, уметнички и поттикнувачки“, порачува Сузи.

Инаку, Сузи Грант е квалификувана нутриционистка, водителка и авторка на три книги за здравје. Исто така, таа организира работилници и предавања на меѓународно ниво, за стареењето. Нејзината книга, Алтернативно стареење, дава цврсти совети за здрави и природно стареење, а на својот блог alternativeageing.net нуди редовни написи, рецепти и инспирација за секој што сака да биде фит, фанки и прекрасен во своите 60+ и повеќе!

[better-ads type='banner' banner='999' ]