Како последица од пандемијата на коронавирусот, кај нас беа воведени безбедносни мерки меѓу кои и затворање на училиштата и градинките.
Покрај тоа што родителите треба да посветат посебно внимание на новата ситуација, која вклучува здравствена заштита на децата, превентивни мерки и разговор со децата на тема коронавирус, сега имаат и нови задачи – како да им помогнат на децата успешно да ги организираат своите деновите дома.
За да им помогнат на мајките и татковците во овие вонредни и тешки околности, психолозите Сена Пуховски и Ивана Косиќ Преград од Загребското психолошко друштво дале некои значајни препораки.
Совети за родителите на учениците во текот на пандемија на коронавирус:
- Прашајте ги децата што би им помогнало за да се чувствуваат порелаксирани, особено ако треба да поминат дел од денот сами дома, што можеби порано и не било случај.
- Договорете се како ќе комуницирате додека сте на работа.
- Напишете ги телефонските броеви на најблиските што можат да ги повикаат доколку се чувствуваат вознемирени.
- Направете план за денот и дневните рутини, земајќи ги предвид нивните желби и потреби, но и обврските и учењето иако не се на училиште.
- На крајот на денот, разговарајте заедно за тоа како сте го поминале целиот ден, направете заеднички семеен цртеж, напишете песна, смислете некоја шега или вежба на денот.
- Овозможете им на помалите деца да имаат доволно време за самостојна и опуштена игра, а на постарите – контакти со врсниците преку социјалните мрежи. Ова е кризна и невообичаена ситуација и добро е да се воведат некои нови правила или да се прилагодат постојните.
- Поттикнете ги децата да комуницираат со врсниците на начини што се соодветни на ситуацијата – преку Скајп, преку пораки, социјални мрежи и слично. Може да му дадете на детето и некоја тетратка во која ќе запише и ќе нацрта сѐ што би сакале да споделат и да прават со своите пријатели, а сега не можат.
- Користете го времето дома за сите оние работи што долго сте ги сакале, но не сте стасувале. На пример, извадете некоја друштвена игра што сте сакале да научите да ја играте некое време, згответе оброк за кој ви треба повеќе време, гледајте го цртаниот филм кој ви е омилен, слушајте приказни за деца (ги има на Јутјуб), научете ги децата нешто што сакате да го правите, раскажувајте им за тоа како било кога сте биле деца …
Фото: Pixabey