Ако во моментов сте бремени или доите бебе, веројатно сте дополнително загрижени за вирусот корона.
За време на овие ранливи периоди во животот, ние сакаме дополнително да се заштитиме себеси и нашите бебиња, но и да спречиме ширење на COVID-19 познат како корона вирус. Информациите за важноста на зачувувањето на доењето во овие случаи на епидемија се речиси непостоечки, но исклучително важни.
Драги мајки, не дозволувајте насловите за пандемијата на корона вирусот да ви ја украдат радоста. Ако се чувствувате загрижени поради за вирусот корона, не заборавајте да се консултирате со надлежниот лекар. Ако сакате да знаете дали корона вирусот може да влијае на (и ако може, како) на вашата бременост или доење, продолжете со читањето.
Дали бремените жени се под поголем ризик од зараза?
Во моментов, нема докази што укажуваат на потенцијални негативни исходи за бремени жени, ниту пак бремените жени се повеќе изложени на зараза од другите луѓе. Како и кај другите болести, температурата е секогаш фактор на ризик во бременоста, но тоа не е нешто поради што треба да паничите.
Бремените жени, како и другите граѓани, секако се повикуваат на тоа да практикуваат добра хигиена и редовно да ги мијат рацете. Сепак, им се советува да избегнуваат какви било активности што вклучуваат ракување или која било друга форма на физички контакт со потенцијално заболено лице.
Добрата вест е што веројатно веќе го практикувате тоа, а добрите вести не завршуват тука.
Ако бремената жена добие корна вирус, дали го добива и бебето?
Се смета дека ширењето од личност на личност се случува главно преку респираторните капки што се јавуваат кога заразеното лице кашла или кива, слично на тоа како што се шири грипот и другите респираторни патогени. Во ограничени студии на жени со COVID-19 и друга корона вирусна инфекција, тежок акутен респираторен синдром (САРС-КоВ), вирусот не е откриен во мајчиното млеко. Сепак, сè уште не можеме да тврдиме 100% дека мајките заразени со корона не можат да го пренесат вирусот преку мајчиното млеко.
Во спроведените тестирања во дел од светот, вирусот не бил откриен во примероци од амионска течност или мајчино млеко. Тоа значи дека мајчините клетки создаваат антитела и ги пренесуваат (но не и вирусот) на своите деца.
Водич за доење (во случај на инфекција со корона вирус)
Мајчиното млеко е најдобриот извор на храна за повеќето новороденчиња. Сепак, постојат многу непознаници за корона вирусот и доењето. Дали и како да се започне или да се продолжи со доењето мајката треба да одреди во координација со семејството и здравствените работници. Меѓутоа, ако мајката добие инфекција предизвикана од корона вирус, важно е да не се попречува доењето.
Мајката со потврден корона вирус би требало да ги преземе сите можни мерки на претпазливост за да се избегне ширење на вирусот кај новороденчето, вклучително и миење на рацете пред да се допре доенчето и ако е можно да носи маска за лице, ако е можно, додека се храни на дојката.
Ако го исцедите мајчиното млеко со рачна или електрична пумпа за дојка, мајката би требало да ги измие рацете пред да го допре кој било дел од пумпата или шишето и да ги следи препораките за правилно чистење на пумпата после секое допирање.
Што се случува ако доењето се прекине?
Прекинувањето или попречувањето на доењето може да предизвика голем број тешкотии, кои вклучуваат:
• емоционална траума за детето
• застој на млекото кај мајката
• подоцнежно одбивање на дојката поради конфузијата која ја предизвикува воведувањето на шишето
• Зголемен ризик од заболување предизвикано од недостаток на имунитетни заштитни тела – попречување или прекинување на доењето може да предизвика ризик од заболување кај детето.
Фото: Pixabey