Затворање на училиштата и коронавирусот: како функционира онлајн наставата во Италија?

Што би се случило доколку Македонија, како и Италија, биде принудена да ги затвори училиштата, се прашуваат родителите.

0
510

Оние што се запознаени со нашиот образовен систем се скептични за евентуалната опција за воведување настава преку интернет. За жал, многу ученици немаат можност да следат часови преку Интернет, а родителите имаат право да прашаат кој ќе го надгледува тоа образование и како најмладите без никаква помош од нивните родители воопшто да присуствуваат на онлајн настава доколку дојде до тоа.

Покрај тоа, што ако има повеќе ученици во исто семејство кои истовремено мораат да посетуваат различни часови на еден домашен компјутер, преку кој ќе се одржува платформата, и дали системот може да го одржи сето тоа во техничка смисла.

Се надеваме дека такво сценарио нема да биде потребно и дека состојбата со коронавирусот ќе се смири, но интересно е да се види како изгледа ова во Италија, каде, според сегашните информации, училиштата ќе останат затворени до крајот на месецот. Не постои национален план во Италија, а властите мораа да импровизираат за да продолжат да предаваат користејќи ги дигиталните платформи и услуги на училиштето, како што се Skype или Google Classroom. Многу училишта имаат веб-страници и групи за е-пошта или електронски пораки кои им овозможуваат на наставниците и учениците да останат во контакт.

„Училиштето има електронски регистар и јас им испраќам работа на учениците преку е-пошта и WhatsApp“, изјавила Флавија Сантонико, наставник во средно училиште во Болоња, за Ројтерс. Марко Де Роси, раководител на италијанската компанија WeSchool, која развива едукативни платформи, изјавил дека компанијата забележала троен скок во сообраќајот на своите платформи минатата недела, со 590.000 активни корисници.

Министерството за образование ги повикало училиштата да ги споделат своите искуства за да им помогнат да се прилагодат на затворањето на училиштата и да помогнат во учењето на далечина. Според италијанските медиуми, впечатоците на родителите се разликуваат едни од други. Домашната задача некако и функционира, но сè уште немало многу виртуелни предавања. Дури и наставниците кои велат дека системот добро функционирал, се грижат дали учениците ќе можат ефикасно да учат надвор од вообичаениот ритам на училницата.

Во кинескиот Вухан, кадешто започна епидемијата на коронавирусот, часови се одржуваат преку апликацијата DingTalk. Децата, честопати попаметни и од возрасните и од технологијата, сфатиле дека ако доволно пати во App Store ја оценат апликацијата со една ѕвезда, таа ќе биде отстранета како – бескорисна. Така, тие практично преку ноќ виртуелно го намалиле нејзиниот рејтинг од 4,9 на 1,4, поради што апликацијата за кратко време не била во функција.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]