Момчињата се биолошки почувствителни од девојчињата, а ги учат да бидат поцврсти

Ако е така, а истражувањата покажуваат дека е така, сосема е погрешно она што кај нас се уште може да се слушне многу често: „Не плачи, машко си, срамота е!“ Сте почувствувале колку е тешко да си ги проголтате солзите?

0
196

Кога ќе почине некој близок, речиси секогаш, оние што плачат се жените, додека пак мажите се главно воздржани. И без оглед што срцето им се кине, се обидуваат да останат со суви очи, присебни и храбри, за да ги тешат останатите.

Го гледам син ми, и тој е таков. Имаше 23 години кога почина баба му. Очите му се насолзија, ама беше некако засрамен, стегнат, знам дека се воздржуваше. Зошто? Зарем и јас сум го воспитала онака, зборувајќи му дека е срамота да плаче затоа што е машко?! Или тоа го направила самата средина, градинката, училиштето, пријателите?! Мислам дека е второво. Но навистина ми е жал што е така. И знам дека сите се изненадуваме кога ќе видиме маж кој плаче, го гледаме како вистински раритет.

Како ли изгледа тоа, да се плашиш да заплачеш дури и кога имаш голема причина за тоа? Такашто, следниот пат кога ќе зборувате за рамноправност, сетете се и на овој момент.

Дури и како малечки, момчињата ги учат дека треба да бидат цврсти и издржливи. Нив ги учат дека емоциите се „женска работа“, а тоа честопати доведува до тоа момчињата да не знаат како правилно да ги искажат своите емоции и да пораснат во луѓе кои не знаат како да се справат со сопствените чувства.

Мозоците на момчињата и девојчињата се развиваат различно

Во споредба со мозокот на девојчињата, машкиот мозок е потежок, со поголем хипоталамус. Причината за ова е тоа што во третото тримесечје од бременоста, момчињата добиваат тестостерон што покрај тоа што го прави мозокот потежок, значи и поголема мускулна маса.

Ова им помага на момчињата во поглед на физичката сила, но во исто време им недостасуваат одредени квалитети како што е контролата на емоциите.

Девојчињата созреваат побрзо од момчињата

Мозокот на девојчињата се развива со многу побрзо темпо од мозокот на момчињата. Според едно истражување, мозокот на новородено девојче е психолошки сличен на оној на момче кое има четири или шест недели. Момчињата продолжуваат да ги развиваат своите мозоци со забавена стапка во споредба со девојчињата, дури и во доцните години.

Момчињата се почувствителни на мајчиниот стрес

Студијата исто така покажува дека машките ембриони се поподложни на стресот на мајката. Дури и при зачнувањето, мажите се поранливи од жените. Покрај тоа, машките ембриони се склони кон нарушувања како што е церебрална парализа. Момчињата, исто така, се со поголема веројатност да се раѓаат предвреме.

Сето ова ги прави момчињата почувствителни по раѓањето, што значи дека посветувањето помалку внимание и емоционална љубов кон момчињата во споредба со девојчињата не е добра идеја.

Како да се создаде позитивна емоционална средина за момчиња

  1. Охрабрете го вашето момче да ги изрази своите емоции градејќи доверба.
  2. Слушајте ги внимателно неговите размислувања и грижи и не избрзувајте со давањето совети.
  3. Читајте му книги кои промовираат грижа, емпатија и благодарност.
  4. Уште од млада возраст, започнете да разговарате со него за чувствата и емоциите.
  5. Давајте му безусловна љубов секој ден.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]