Родителството е возбудливо за родителите и за сите околу нив. Самиот почеток на родителството доаѓа со многу предизвици, како што се подготовка на сите работи што ви требаат за новороденчето. Затоа, уште во 1938. година, финската влада започнала програма за да го ублажи стресот на новите родители. Како дел од оваа програма почнала на родителите да им подарува кутија со сите најважни работи за едно новороденче и тоа го прави веќе 82 години.
Пакетот за бебиња содржи сѐ она што ќе му треба на бебето во текот на првата година од животот, како облека, хигиенски производи, но и играчки. Кокретно, во секој пакет се наоѓаат импресивни 60-тина предмети како скафандер, вреќичка за спиење, капчиња, боди, ракавички, чорапчиња, но и постелнина, ќебенце, па и првата сликовница. Но не заборавиле ни на мајката па во пакетот се наоѓаат и перничиња за доење, ножички за нокти, четкичка за заби, кондоми, лубрикант, четка за коса, но и многу други работи.
Идејата започнала како одговор на намалениот наталитет и зголемената смртност кај децата со кои се борела Финска во текот на 30-тите години од минатиот век. Денеска, алтернативно, наместо да добијат кутија за бебиња, родителите можат да побараат парична помош од 170 евра.
Финска во моментов е една од земјите со најниска стапка на смртност кај новороденчињата во светот со само 2,5 мртвородени деца на илјада родени. Во САД, бројот е 5,7, во Канада 4,5, во Велика Британија 4,2, додека просечната глобална стапка на смртност кај новороденчиња е дури 4,9.
Иако Финска е пионир на оваа идеја и им ја обезбедува на своите граѓани оваа услуга повеќе од 80 години, бројни други земји тргнале по нејзините стапки. Делови од Австралија, Шкотска и САД, како и Аргентина, го следеле финскиот пример и осмислиле свои кутии за новороденчиња.
Со текот на годините, содржината на овие кутии се менувал, но тие главно содржат околу 60 предмети. Конкретно, минатата година во неа се нашле 63 предмети, а во видеото можете да видите точно за кои предмети станува збор:
Фото:Јутјуб