Повеќето жени не се подготвени за појавата на симптомите на менопауза и иако ги знаат овие симптоми, а особено оние жештини кои ги облеваат во бранови, кај нив се појавува паника и се прашуваат дали е тоа случај и со нив или е нешто друго.
Иако симптомите се ненадејни и траат одредено време, тие се сосема природни. Еве неколку симптоми кои укажуваат на почеток на менопауза.
Нередовен циклус – е првиот и најчест симптом на менопауза. Тоа е резултат на нестабилност на хормоните на телото, кои работат до крајот на плодноста.
Валунзи – топли, а понекогаш дури и ладнивалунзи се случуваат ненадејно и предизвикуваат црвенило на лицето. Сето тоа се должи на пад на естрогенот.
Непријатност при спиењето – жените кои минуваат низ менопауза можат да страдаат од несоница, затоа што не можат да спијат поради налетите на топлина. Покрај снабдувањето на телото со естроген, дури и снабдувањето со прогестерон опаѓа за време на менопаузата.
Сувост на вагината – поради намалувањето на производството на естроген, кој е одговорен за одржување на влажноста на вагината, вагиналното ткиво почнува да се суши и станува помалку еластично.
Напнатост и депресија – чувство на напнатост, иритација и депресија можат да ја совладаат жената која поминува низ менопауза. Вознемиреноста и чувството на губење на емоционална стабилност се вообичаени симптоми, како и нападите на паника и физички знаци, како што се забрзаното чукање на срцето и отежнатото дишење.
Болка во екстремитетите – поради хормонална нерамнотежа, екстремитетите полека отекуваат и почнуваат да болат. Меѓутоа, ако болката станува почеста и понеподнослива, треба да го посетите вашиот лекар.
Хормонална нерамнотежа – Чест симптом на менопауза е постоењето на хормонален дисбаланс, што се рефлектира во промени во растот на косата. Поради намаленото производство на естроген може да дојде и до проретчување или губење на косата.
Фото: Pixabey