Зошто треба да се јаде чоколадо за време на бременоста?

Иако многу стручњаци тврдат дека во текот на бременоста не е потребно да се јаде за двајца и дека навиките не треба премногу да се менуваат, постојат одредени сознанија кои велат дека трудниците би требало да јадат поголеми количини на чоколадо отколку обично. Еве и зошто.

0
492

Најновите истражувања покажале дека консумирањето чоколадо за време на бременоста им дава на жените и на нивните бебиња феноменални здравствени придобивки. Секако, ова се однесува на темното чоколадо со поголем процент какао и без шеќер, а не за било какво чоколадо.

Научниците потврдиле дека флаванолите што се наоѓаат во какаото не се добри само за мама, туку ја подобруваат функционалноста на плацентата и го подобруваат растот и развојот на фетусот. Се верува дека тоа се должи на антиоксидантското дејство на флаванолите, чија концентрација е многу поголема во темното чоколадо отколку во другите слатки што содржат многу шеќер, млеко и други производи. Лекарите велат дека ова откритие воопшто не е чудно, бидејќи е докажано дека флаванолите ја подобруваат циркулацијата, па некако се подразбира да ја помагаат ефикасноста на постелката.

Уште една привилегија што бремените жени ја добиваат од какаото е намалениот ризик од прееклампсија, што е, како што знаете, многу опасна форма на покачен крвен притисок во бременоста, и обично не се појавува пред третото тримесечје. Прееклампсијата е подеднакво опасна и за мајката и за бебето.

Истражувачки тим кој ги испитувал придобивките од какаото за бремените жени, набљудувал 129 бремени жени, секоја помеѓу 11 и 14 недела од бременоста. Некои од овие жени консумирале чоколадо богато со флаванол, додека некои јаделе слатки сиромашни со флаваноли. Кај двете групи жени било откриено дека имаат подобрена циркулација во матката, плацентата и фетусот. Еден од авторите на студијата истакнал дека се покажало дека чоколадото навистина може да има позитивен ефект врз плацентата, а исто така и на растот на фетусот, и нагласил дека позитивниот ефект на чоколадото не е поврзан само со флаванолите.

Напоменуваме дека овие откритија не значат дека треба да јадете чоколадо за појадок, ручек и вечера, туку дека повремено можете да уживате во омилената слатка закуска. Подеднакво е важно да се изберат поквалитетни видови темно чоколадо кои содржат во себе висок процент на какао, а многу малку адитиви, како што се шеќер, млеко итн.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]