Тврдоглавоста на вашето дете значи дека во семејството ќе имате повеќе судири, нетрпеливост и немир, а утре успешен и задоволен човек. Таквото однесување на нашите деца со кое денеска се мачиме и се бориме, подоцна во животот веројатно ќе ни биде од голема корист.
Затоа издржете, разговарајте и имајте трпение. И секако, колку и да звучи тешко и неверојатно, негувајте ги тие особини. Тоа се следниве:
Детето има цврст став и е тврдоглаво, значи…
Еден ден ќе има силна волја и став да спроведе сè што сака.
Детето е исклучително љубопитно и поради тоа запаѓа во разни ситуации, значи…
Еден ден ќе биде силно усмерено на барање на вистината, правдата и ќе остане желно за нови знаења.
Детето сака ризични активности и често се повредува, значи…
Еден ден таа храброст ќе биде важна за чувството назадоволство затоа што нема да се плаши од нови предизвици и целиот свет ќе му биде на дланка.
Детето многу фантазира, значи…
Еден ден неговиот голем креативен потенцијал би можел да блесне.
Детето е ’посебно’ на некој необјаснив начин…
Еден ден ќе гледа на животот на неконвенционален начин и ќе му носи на светот нови идеи.
Фото: Pixabey