Шкотскиот парламент усвои план со кој ќе ги направи хигиенските влошки бесплатни за сите жени во земјата, прва во светот што ја воведе мерката.
Според новиот закон, тампоните и хигиенските влошки ќе бидат достапни на јавни места, како што се социјални центри, младински центри и аптеки.
Ова ја чини државата 24,1 милиони фунти годишно.
Предлог-законот беше усвоен во првото читање со 112 гласа „за“, ниту еден против и еден воздржан. Предлогот сега оди на второ читање каде пратениците можат да предложат амандмани.
Пратеникот Моника Ленон рече дека усвојувањето на законот ќе биде „пресврт за нормализација на менструацијата во Шкотска и ќе испрати порака до луѓето за тоа колку е сериозен парламентот кога станува збор за родовата еднаквост“.
Во 2018. година, Шкотска стана првата земја во светот која воведе бесплатни хигиенски влошки и тампони во училиштата и универзитетите.
Овие производи се оданочуваат во Велика Британија со стапка од пет проценти. Владата на поранешниот премиер Дејвид Камерон, наводно, сакала да го укине, но не го сторила тоа со образложение дека нејзините раце биле врзани со оглед на европските правила.
Фото: Freepik