Во најновото истражување во кое учествувале 180 земји, Норвешка е рангирана пред Јужна Кореја, Холандија, Франција и Ирска според низата различни критериуми кои се однесуваат на благосостојбата на децата, се наведува во извештајот кој го објавило медицинското списание Лансет.
Тие опфатиле области како што се здравство, образование и исхрана.
Се покажало дека водечките земји, кои исто така се и помеѓу некои од најбогатите земји во светот, имаат супериорни системи за детски развој, како што се училиштата, болниците и политиките за заштита на животната средина.
Сомалија, Чад и Централноафриканската Република се рангирани на најлошото место на списокот.
Сепак, Светската здравствена организација, која помеѓу 40 детски и здравствени организации, била коавтор на извештајот, вели дека ниту една земја не прави доволно за да ја поддржи следната генерација.
Во извештајот се рангираат и земјите според нивното ниво на прекумерна емисија на јаглерод-диоксид, поточно нивните проектирани нивоа до 2030. година. Утврдено е дека многу од водечките земји во рамки на индексот на процват на децата значително заостанале во мерките за одржливост.
По тоа Норвешка го зазела 156-то место, а Америка 173-то место.
„Од климатската криза до дебелината и штетниот комерцијален маркетинг, децата ширум светот мораат да се соочат со заканите што беа незамисливи пред само неколку генерации“, додала Хенриета Фор, извршна директорка на УНИЦЕФ.
Фото: Pexels