Виртуелна средба на мајка со починатата ќерка (ВИДЕО)

Не постои поголема несреќа  од онаа кога родителот ќе го изгуби детето, а таа ужасна судбина ѝ се случила на една мајка од Јужна Кореја. Таа останала без ќерката во 2016.година, а три години подоцна повторно се споила со неа во виртуелниот свет создаден за телевизиски документарец.

0
960

Телевизиското шоу во Јужна Кореја „Meeting You“ (Те сретнав) ја искористил технологијата за повторно да ја соедини мајката Јанг Ји-сунг со ќерката Наиеон која на седумгодишна возраст починала од неизлечива болест, заедно со ракавици чувствителни на допир и звук.

Мајката и ќерката можеле да се допрат, да си играат и да разговараат, а девојчето ја убедило мајка си дека повеќе не трпи никакви болки, пишува Дејли Мејл.

Јанг Јо-сунг ставиле ВР слушалки и била транспортирана во градина во која нејзината ќерка стоела насмеана во виолетово фустанче. Повторната средба во виртуелната реалност, како што  може да се очекува, е исклучително емотивна.

Се чини дека Јанг почнува да плаче во оној момент кога ќе ја види виртуелната Наиеон, додека остатокот од семејството – таткото, братот и сестрата на девојчето – набљудуваат скептично, но со по некоја солза.

„О убавице моја, ми недостасуваш“, се слуша како зборува мајката додека ја поместува дигиталната копија ма својата ќерка. Девојчето потоа ја прашува мајката каде била и дали размислувала за ова, а мајката вели дека тоа го прави цело време.

На почетокот Јанг се колебала да го допре дигиталното дете, додека Наиеон не инсистирала на тоа да ја држи за рака.

Потоа мајката ја фаќа за раката и низ лицето почнуваат да ѝ течат солзи.

На крајот од ова волшебно патување, Наиеон легнува да спие, велејќи дека е уморна, а мајката се збогува со неа.

Јанг изјавила дека се согласила на ова за да им помогне на другите луѓе кои изгубиле некој близок.

„Ја сретнав Наиеон, која ми се обрати со насмевка многу крако, но тоа беше многу среќен момент. Мислам дека го отсонував сонот кој од секогаш сум го сакала“, рекла мајката.

Според медиумите, продукцискиот тим поминал на овој проект осум месеци. Тие дизајнирале виртуелен парк кој мајката и ќерката го имале посетено во реалниот свет.

Фото: Јутјуб

[better-ads type='banner' banner='999' ]