Разгаленото дете е производ на разгаленото општество

Подоцна, кога разгаленото дете ќе порасне, тоа во животот се снаоѓа полошо дури и од детето кое растело во услови на претерана дисциплина

0
112

Разгаленото дете – земете го зборот разгалено во било кој смисол – е производ на разгаленото општество. Во такво општетство, разгаленото дете плашливо се фаќа во костец со животот. Наместо вистинска слобода која значи да се сака, а чиј смисол тоа не го познава, нему му е дозволена разузданост.

Разгаленото дете е напаст за себе и за општетството. Можете да го забележите во возот како се фрла преку нозете на патиците и вреска по ходниците, не обрнувајќи внимание на молбите на своите исцрпени родители – молби кои тоа веќе одамна не ги слуша.

Подоцна, кога разгаленото дете ќе порасне, тоа во животот се снаоѓа полошо дури и од детето кое растело во услови на претерана дисциплина.

Разгаленото дете е страшно саможиво. Тоа израснува во човек кој ја расфрла облеката по целата соба, очекувајќи некој да му ја среди. Секако, разгаленото дете, сега пораснато, доживува многу отфрлања.

Често разгаленото дете е единец. Бидејќи нема со кого да си игра и да се натпреваува, тоа се поистоветува со родителите: сака да прави исто што и тие. Бидејќи родителите го сметаат за светско чудо, тие го поттикнуваат тоа очигледно стармаало однесување, плашејќи се дека, ако и најмалку му се спротивстават, ќе ја изгубат неговата љубов.

На детето не треба да му се дава сè што ќе побара. Општо земено, децата денес добиваат премногу, толку многу што престануваат да го ценат дарот. Честопати родителите кои не ги сакаат доволно своите деца претеруваат во давањето подароци. Таквите родители мораат да го надполнат тоа такашто од родителската љубов ќе направат претстава и ќе ги затрупаат во скапи подароци, речиси исто како што мажот кој бил неверен ѝ купува бунда на својата сопруга, која инаку не може да си ја дозволи. Разгаленото дете ретко што вреднува. Тоа добива нов, хромиран три-брзински велосипед, а една недела подоцна го остава преку ноќ на дожд.

Разгаленото дете често за своите родители претставува нивна втора животна шанса. „Јас малку го искористив животот затоа што толку многу луѓе ме попречуваа, но мојот син ќе има можност да успее таму кадешто јас потфрлив“. Токму оваа мотивација го тера таткото кој нема музичко образование да инсистира неговиот син да учи да свири пијано. Истите мотиви ја принудуваат мајката, која се откажала од кариерата поради бракот, да ја испрати ќерка си на часови по балет, иако е детето несмасно.

Родителите како овие принудуваат безброј момчиња и девојчиња да избираат работни места и студии што, доколку би одлчувале самите, никогаш не би ги одбрале.

Потоа, тука е разгаленото дете чија мајка не сака тоа да порасне. Мајчинството е работа, но не и доживотна професија. Повеќето жени го разбираат ова, но честопати можеме да слушнеме забелешка од некоја мајка за својата ќерка: „Расте премногу брзо!“

На детето не треба да му се дозволува да ги крши личните права на другите. Родителите кои не сакаат да го разгалат своето дете, мора да прават разлика помеѓу слободата и разузданоста.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]