Кога детето е сведок на несреќа, најважно е родителите да му дадат чувство на сигурност.
Според германското здружение за детска и адолесцентска психијатрија, главната порака треба да биде: „Опасноста помна, не си сам“.
Покрај тоа, родителите треба да му објаснат на детето што се случило затоа што неизвесноста и незнаењето го зголемуваат стресот кај детето, велат експертите. Ако децата имаат физички симптоми, како што се тресење или хипервентилираат, родителите треба да им објаснат дека ова е нормална реакција. Така, децата ќе знаат дека оваа состојба ќе помине и дека не треба да ја кријат или потиснуваат.
На децата не им е нужно потребна професионална помош за да се надминат несреќите и други вонредни состојби, но настанот може да остави белег врз нив долго време, такашто родителите треба да ги следат внимателно и да побараат помош доколку е потребно.
Истото важи и за родителите ако не можат да се справат со околностите и затоа не можат да ги поддржат децата.
Фото: Pixabey