Дали сте еден од оние кои не можат да разберат како живееле нашите родители без мобилен телефон, како воопшто се запознавале? Дали им припаѓате на оние што целиот свој живот го држат во раце мобилниот телефон?
Дали е тоа навика, порок, или едноставно моќта и влијанието на овој мал уред што го држиме во рацете секој ден?
Времето без мобилен телефон спаѓа во поновата историја. Луѓето живееја без овој уред не толку одамна, многу квалитетно. Можеби дури и подобро отколку ние денес. Едно е сигурно, мобилниот телефон од нашиот избор воопшто и да го имаме, прерасна во навика, некому во работа, а некому му станува и целиот негов свет.
Од апарат кој на почеток беше премногу скап за обичниот свет, со неколку додатоци, за неполна деценија стана достапно средство за комуникација за секого.
Наскоро неговата цел и намена станаа незаменливи, па телефонот сѐ повеќе се користи наместо мозокот. Буквално! Во него чуваме важни белешки, информации, му го доверивме животот. Читаме што нè интересира, куцкаме до бесвест, се слушаме и се гледаме преку нив, завршуваме работа преку нив. Ние сме секогаш достапни, насекаде и за секого. Овие уреди ни ги заменуваат телевизорот и радиото. Тие се нашата глава и нашиот памет. Не мора да размислуваме повеќе, па дури ни да зборуваме. Тој прави сè за нас. Младите денес постојано се на телефон. Тие јадат и спијат со нив. И не само младите. Оваа болка ги погоди сите возрасти. Некои повеќе некои помалку.
И тогаш се вовлече и помеѓу оние од претшколска возраст…
Родителите му даваат телефонот на бебето. Среќни и важни затоа што тоа на бебето тоа му се допаѓа и затоа што знае како да скролува по екранот. Можете да замислите! А тоа што ниту до пет години не знаат да си го избришат газот, никому не му е гајле.
За што ги подготвуваме и каде ги забрзуваме? И дали мислиме дека мобилните телефони навистина ги прават подобри? Дури и приказните и музиката, ако тоа сѐ уште се вика така, на Јутјуб за деца, веќе подолго време не се произведени или испеани од човечки суштества! Не верувам дека не забележавте.
Децата ги гледаат нашите навики и полека тие навики стануваат нивни. Бидејќи родителите се првиот и основниот модел на воспитување. Ако прекинеме сè за да одговориме на телефонот, па дури и и да си играме со децата, на децата им ја испраќаме пораката дека мобилниот телефон е поважен од самите нив. Звучи сурово, но така е.
Па, ако веќе му дозволиме на детето да има мобилен, барем да обрнеме внимание на содржината што му е достапна на детето и многу е важно да се дозира неговата употреба. Се разбира, најдобро би било ако воопшто не му купуваме на детето таблети, мобилни телефони и слично.
Или:
Не треба да се прашуваме зошто детето доцни со говорот, зошто слабо трча, а р’бетот му е искривен;
Исто така, не треба да ја прашаме наставничката зошто нашето дете секогаш се расправа во градинка, а уште помалку да ја обвинуваме затоа што нема пријатели;
Да не се чудиме затоа на децата им се здодевни традиционалните градинки и играчките во нив и затоа што не им се оди.
И воопшто не треба да се изненадуваме ако детето се жали на главоболка и ако му одредат диоптер уште во раното детство;
Не треба да не загрижуваат ниту разни ментални проблеми или анксиозноста, раздразливоста и видливата невоспитаност.
Сосема е нормално да покажат и знаци на агресија, како и да каснат некого;
Многу веројатно е и дека нема да има никаков интерес за спорт.
Но наместо да се загрижиме, ние се воодушевуваме за тоа како нашите деца уште како бебиња знаат да кликнат и да се вклучат на јутјуб и да бидат мирни и тивки во ќошот од својата соба, како знаат дури и селфи да си направат. Секоја чест!
Драги родители, освестете се пред да биде предоцна. Одвојте ги децата од мобилните телефони и најдете начин да ја дозирате нивната употреба, прво себеси, а потоа и на децата. Посветете им време.
А телефонот? Нека ѕвони. Нема да се случи ништо дури и ако понекогаш пропуштите некој повик или порака. А ако не ги пропуштате, ќе го проуштите животот со вашето дете. Тоа скапоцено време никогаш повеќе нема да се врати.
Текстот е преземен од ТУКА.
Фото: Pexels