Децата се под голем притисок уште во градинка

Како што поминуваат годините врз најмладите се врши сé поголем притисок. Време е малку да попуштиме и да им ја вратиме радоста во нивното детство.

0
332

Периодот во градинка треба да биде време на истражување и игра. Време е за создавање пријателства и време за навикнување на живот во колектив. Тоа е време кога се гради љубовта кон буквите, броевите, зборовите, научните откритија, самото учење. Но, денеска веќе не е така. Денес градинката стана почеток на трката што трае низ целиот период на школувањето. Како почеток на вежба и академски натпревар во кој четиригодишните деца секогаш треба да бидат подготвени да ги претркаат своите другари, не во тоа кој ќе биде подобар пријател, кој ќе биде подобар во играта, кој прв ќе го намести креветот, туку во тоа кој знае повеќе букви, кој смета побрзо и кој знае повеќе англиски зборови. Наместо да играат слободни или усмерени игри, сега постојано им се кажува што да прават, како да го направат тоа.

Како што поминуваат годините на најмладите им се прави сé поголем притисок. Време е да попуштиме малку и да ја вратиме радоста во нивните детства. Еве пет причини да размислиме повторно за сите барања што им ги поставуваме на децата во време кога играта треба да е нивната главна преокупација.

Академските достигнувања не се и не треба да бидат важни за петгодишник

А инсистирањето на нив е штетно за развојот.

Познато е дека денешните претшколци се всушност вчерашни првоодделенци. Поточно, во времето кога сегашните родители тргаа на училиште, границата за паѓање беше седум години. Според сегашниот закон, децата тргаат на училиште порано. Во претходните децении, ширум светот сé посилен е фокусот на подобрување на перформансите на децата уште во рана возраст, преку повеќе академски содржини и поголем број тестови во тект на школувањето.

Можеби се сеќавате на предучилишниот период како време на играње, спиење, заеднички ручек. Но, денешните претшколци треба да учат букви, броеви, да дојдат на училиште подготвени да читаат и пишуваат веднаш.

Експертите за детски развој предупредуваат дека денот исполнет со академски активности е премногу за некој на предучилишна возраст. Само затоа што четиригодишник може да научи да ги препознава буквите, не значи дека е тоа добро за него.

Прерано не е добро

Ставот на децата кон училиштето се формира во првите години и тој може да биде позитивен или негативен. Примарната цел на предучилишното образование треба да биде децата да го засакаат учењето и училиштето. Но, наместо тоа, притисокот што децата го чувствуваат да постигнат одредени резултати ги обесхрабрува. Во периодот на градинката, способноста на детето да прифаќа нови работи и нови знаења може да варира во голема мера, а концентрацијата е слаба. Ризикот од етикетирање на детето кое не е подготвено да седи и да пишува или да црта со часови, туку сака да трча и да игра, како мрзливо или незаинтересирано, ќе влијае на нивниот став за училиштето и на самодовербата. Децата формираат впечатоци за себе многу рано, и ако се чувствуваат промашено и недоволно добро на петгодишна возраст, ќе биде тешко подоцна да се промени.

И лекарите ги потврдуваат штетните ефекти на притисокот врз децата.

Наставниците ширум светот признаваат дека проблемите со однесувањето во училницата, вклучително и социјалните проблеми, проблеми со вниманието, во решавањето на проблеми и контрола на емоциите – се во пораст. Многу од овие проблеми се резултат на притисокот што децата го чувствуваат за да постигнат одредени резултати уште на возраст од 6 или 7 години. Според некои проценки, дијагнозата на депресија и анксиозност кај децата станала уште почеста во однос на раните 2000-ти. Појавата на нарушувања во однесувањето исто така драматично се зголемила.

Од секодневните воннаставни активности, на децата не им останува време да играат и истражуваат.

Експертите за развој велат дека играта е клучот за здрав развој и квалитетно учење во предучилишните установа. Психологот Ерик Ериксон тврди дека кога на децата ќе им го скратиме слободното време за играње, ниту учењето нема да даде добри резултати.

Учење на рана возраст – ДА, но преку игра, со многу време за потполно слободна игра.

Слободата на децата да играат и истражуваат на начин на кој самите ќе одберат, без усмерување од возрасните, е драстично намалена во претходните децении. Децата играат помалку и учат повеќе отколку што го правеа тоа пред 20 години. И тоа не е добро.

И на воспитачите им е доста.

Многу воспитачи ќе ви кажат дека не се обучени да го работат со децата тоа што треба да биде работа на наставникот – букви, читање, сметање. И тоа е точно. Притисокот што го чувствуваат наставниците да ги испраќаат децата на училиште со знаење на букви и броеви, ги тера да ја преиспитаат својата одлука да ја работат оваа работа.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]