Каква мајка, таква ќерка…

Односот на мајката кон ќерката одредува вокаква личност ќе порасне таа. Колку различниможат да бидат односите помеѓу мајката и ќерката и како секој од нив може да влијае врз развојот на личноста на детето.

0
754

Луѓето се различни, а мајките не се исклучок. Некои не воспоставуваат добар однос со своите деца, а некои пак стануваат со децата совршен тим. Без оглед за кој слуќај станува збор сите неизмерно ги сакаме нашите мајки, затоа што таа љубов е безусловна.

Сепак, се поставува прашањето колку различни можат да бидат односите помеѓу мајките и ќерките и како секој од нив влијае на развојот на личноста на детето.

Сестра

Во овој случај, мајката и ќерката се апсолутно еднакви и се однесуваат како сестри, па дури можат да се натпреваруваат меѓусебно за некои работи. Со овој однос, мајката всушност го избегнува мајчинството. Кога од страна на мајката отсуствува она што се очекува од неа како мајка, може да се појави однос во кој ќерката ја презема таа улога место неа, покажувајќи одговорност, грижа и други родителски однесувања.

Како тоа влијае на ќерката: Девојките кои се воспитуваат на овој начин честопати се многу поодговорни и најчесто стануваат лидери. Тие знаат да ги ценат границите помеѓу луѓето, но во исто време имаат развиен страв од одбивање и може да се чувствуваат неразбрани и емотивно запоставени.

Најдобрата пријателка

Овој однос е гради врз доверба, а мајката е првата личност на која девојката ѝ се доверува или доаѓа да побара помош за да реши проблем. Мајката е многу вклучена во животот на нејзината ќерка, ја поддржува и секогаш знае што да каже и што ѝ е потребно на нејзината ќерка: најдобар пријател, експерт за љубовни прашања, пријател за шопинг или дури и партнер во „злосторот“.

Како тоа влијае на ќерката: Девојките кои имаат вакви мајки, не се плашат да се соочат со најразлични предизвици и не се плашат да ризикуваат. Бидејќи тие се чувствуваат сакани и имаат многу разбирање, тие иницираат односи и пријателства и немаат страв од отфрлање.

Странец

Доколку претпочитате да ја чувате мајка си надвор од животот и таа е последна што слуша што се случува со вас, вашата врска со мајка ви, најверојатно, му припаѓа на овој тип на односи.

Во овој случај, мајката и ќерката не се вклучуваат една со друга во своите животи, не ги споделуваат проблемите или размислувањата, освен оние што се неопходни. Всушност, тие речиси и не се познаваат.

Како тоа влијае на ќерката: Децата кои не се поврзани со нивните родители, се повеќе склони кон депресија, вознемиреност и поверојатно е дека имаат ниско ниво на самодоверба. Покрај тоа, подоцна може да доведе до фрустрирачки односи со нивните емотивни и животни партнери. Во исто време, девојчето ќе порасне во многу одговорна и независна личност, затоа што секогаш сама ги решавала сите свои проблеми.

Нарцисоидна личност

Оваа форма на врска е слична на претходната, но од една страна е вклучена нарцисоидноста, односно некој во таа врска (мајката или ќерката) е насочен само кон себе и се грижи повеќе за својот углед и за она што мислат другите луѓе отколку за градење на односите. Всушност, се обидува да изгледа совршено однадвор, но во реалноста ја понижува, односно ја поткопува мајката / ќерката.

Како тоа влијае на ќерката: Во случаи кога мајката е нарцисоидна, наместо навистина да се чувствува сакана, ќерката останува емотивно нестабилна и бара постојана потврда на чувствата од други луѓе. Добро е што таа им станува голема поддршка на луѓето подоцна во животот, многу е лојална и остроумна. Ако ќерката е нарцисоидна и мајката не се обидува да го промени нејзиниот став, девојчето може да порасне во себична личност која ги игнорира потребите на другите луѓе.

Отфрлувач

Ова е уште еден случај на еднострано игнорирање, кое обично се однесува на мајките. Овој тип на однос се развива кога мајката ги игнорира достигнувањата на нејзината ќерка, без оглед на тоа што направила ќерката. Ова е случај кога е тешко да се импресионира мајката и кога никогаш не вели дека е горда на својата ќерка, туку е постојано незадоволна или се обидува да ја натера нејзината ќерка да се труди уште повеќе за да го достигне невозможното.

Како тоа влијае на ќерката: Поради ваквото воспитување, девојчињата растат со длабоко всаден сомнеж во себе и чувство дека не е достојна за внимание. Во исто време, очајно копнее за љубов и признание.

Навивачка

Во овој случај, мајката смета дека е најдобра поддршка за својата ќерка и сака нејзината ќерка да го извлече најдоброто од нејзиниот живот и да искуси сè што може. Мајка како оваа е длабоко вклучена во животот на својата ќерка и сака да биде дел од нејзиниот живот, одбивајќи да признае дека има некакви граници меѓу нив, такашто таа никогаш не излегува од животот на својата ќерка. Живее низ достигнувањата на нејзината ќерка, а истовремено ѝ дава поддршка обидувајќисе преку животот на нејзината ќерка да ги оствари своте соништа.

Како тоа влијае на ќерката: Во ваков однос, една девојка може да ја изгуби самостојноста и да стане зависна од другите луѓе, секогаш да бара совет од другите, затоа што не може сама да носи одлуки.

Авторитет

Ова е случај кога мајката покажува прекумерна контрола и постојано ја проверува нејзината ќерка, сигурна дека таа нема да успее без да ја преземе контролата и да ја води ситуацијата. Никогаш не ѝ дава на својата ќерка право на избор, ниту го почитува нејзиното мислење и она што го кажува ќерката. Во исто време, таа има големи очекувања, со образложение дека тоа го прави „за доброто на нејзината ќерка“. Од друга страна, ќерката ѝ дава отворен или тивок отпор на својата мајка.

Како тоа влијае на ќерката: Девојките со такви мајки се хиперкритични кон себе, имаат ниско ниво на самодоверба и имаат тенденција да го минимизираат своето мислење, што може да доведе до депресија. Позитивнта страна на овие девојчиња е тоа што се тие многу одговорни и посветени во своите односи.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]