Заштитете го детето од семејните драми

Дали некогаш сте се запрашале што правите вие како родител за да ги заштитите вашите деца од потенцијално штетните ситуации во семејството?

0
298

Секое семејство на овој свет има своја драма, непријатни ситуации, членови на кои секогаш има нешто што не им е погодено и против ова главно, не можеме да се бориме. Во сето ова, најважно е да го заштитите вашето дете од семејните препирки и драми.

Дали некогаш сте се запрашале што правите вие како родител за да ги заштитите вашите деца од потенцијално штетните ситуации во семејството?

Бидете самосвесни

Пред да одговорите на горенаведеното прашање, запрашајте се како се справувате со семејните драми. Обично се вклучувате, ги игнорирате или нешто трето? Дали сте во состојба да зборувате за „валканите алишта“ на членовите на вашето семејство со недели?

Ако сте под влијание или сте активно вклучени во драмата што се случува во вашето семејство, имајте на ум дека мислењето на вашето дете за одделни членови на семејството ќе се заснова токму на она што го велите вие за нив.

Односот на вашите деца со членовите на семејството е различен од вашиот

Да ја земеме за пример свекрвата која е себична, која ја искористува секоја можност да ве „боцне“ со зборови и да ве излуди со нејзините забелешки. Иако ве вознемирува како личност, ве навредува и повеќе би сакале да ги раскинете сите односи со неа, треба да ја погледнете поголемата слика.

Не дозволувајте врската на бабата на вашето дете да зависи од вашата врска со свекрвата затоа што и покрај тоа што е ужасна свекрва, таа може да биде прекрасна баба за вашето дете. Сигурни сме дека не сакате вашето дете да биде заробеник на вашето несогласување со мајката на партнерот и да му ја негирате врската полна со љубов со неговата баба. Бидете сигурни дека со текот на времето, вашето дете само ќе сфати кој е кој во вашето семејство, ќе треба малку повеќе време, но тоа дефинитивно ќе се случи.

Црни овци на семејството

Секое семејство има членови кои постојано се во неволја. Тука е чичкото кој не може да најде работа, сестрата која има неколку бракови или проблематични тинејџери. Децата не треба да бидат заштитени од тие луѓе, напротив, нека им послужат како пример за тоа како животот може да биде полн со предизвици и лоши ситуации.

Дајте се од себе да бидете нежни кога зборувате за проблемите на членовите на семејството, без осудување и тешки зборови, но кажете му ја на детето вистината.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]