Персоналот се надева дека паметната технологија ќе им помогне на децата да се прилагодат на реалноста, но исто така и да уживаат во прекрасните искуства како што се виртуелното скијање и нуркањето во длабочините на морето.
Луѓето со аутизам ги доживуваат стресно новите и непознати ситуации. Во училниците откриваат како е да се качите во авион или да посетите трговски центар, јавува Њујорк пост.
„Децата со аутизам имаат проблеми со интензивните стимули кои доаѓаат од надворешниот свет. Непознати феномени можат да ги вознемират кога ќе наидат на нив во реалниот живот. Нашите ученици го сакаат она што го знаат и што е дел од нивната секојдневна рутина. Очилата за ВР им помагаат да се запознаат со искуствата од реалниот свет и полесно да го надминат шокот поради непознатото “, вели професорот по компјутерски науки на Prior’s Court, Нуно Гуереиро.
Во училиштето моментално има 95 млади луѓе со аутизам. Многу од нив немаат развиени вештини за говорење и не комуницираат со други луѓе.
Училиштето се надева дека податоците собрани со оваа програма ќе развијат нови стратегии за учење. Собрани се информации за тоа како ученикот го поминува денот, што јаде, колку учи и како се однесува.
„Ние приоѓаме на проучувањето на вообичаените активности како да се исклучителни случаи. Ова првенствено се однесува на зачестеноста на кризите, внесувањето на храна и пијалоци, употребата на тоалет, спиењето и други активности. Се надеваме дека ќе добиеме вреден увид во животот на децата со аутизам и ќе го доближиме нивниот свет до остатокот од населението. Ние сакаме да ги споделиме нашите искуства со колегите кои прават слични работи ширум светот “, вели авторот на истражувањето, Елејн Хаџгел.
Фото: Pixabay