Ако ѝ припаѓате на онаа група на родители која се труди да запре со трупањето играчки во својот дом, имаме за вас добри вести. Стручњаците советуваат дека патувањата и новите искуства подобро влијаат на детскиот развој од скапите играчки. Патувањата можат да го забрзаат развојот на детскиот мозок.
Детската психијатарка Маргот Садерленд тврди дека одењето на одмор претставува одлична инвестиција во развојот на детскиот мозок.
„Кога одите на семеен одмор, вежбате два генетски интегрирани системи кои се наоѓаат длабоко во лимбичкиот дел од мозокот. Овие делови ретко се „вежбаат“дома. Постои „ систем на игри“ и „систем на барање“, истакнала психијатарката за Healthy Holistic Living.
Според зборовите на лекарката Сандерленд, „систем на игри“ во мозокот се практикува секој пат кога на детето ќе му ги закопате нозете во песок, ќе го ставите во базен или ќе го носите на грб. Додека „системот за пребарување“ во мозокот се вежба секој пат кога заедно истражувате.
Вежбањето на овие два системи го стимулира растот на фронталниот лобус. Овој дел од мозокот е задолжен за когнитивно функционирање, решавање на проблеми, емоционално изразување, меморија, јазик и проценка. Колку повеќе ги практикувате нивните системи, толку посилни ќе станат вашите деца.
Кога ќе ги однесете вашите деца на годишен одмор, тие имаат можност да истражат каде се. Ова го активира нивниот систем на пребарување. Практикувајќи ги овие два системи преку семејните одмори, вие придонесувате за целокупната среќа и благосостојба на детето.
Кога се активираат овие системи, во нашиот мозок се ослободуваат неврохемиските супстанции допамин, окситоцин и опиоиди. Овие супстанции ги поддржуваат нашите чувства на блискост во врските. Тие исто така го намалуваат стресот и ни помагаат да се чувствуваме добро и безбедно.
Студијата спроведена во 2017 година докажа дека заради времето што го поминуваме со семејството, се чувствуваме сакани. Во оваа студија учествуваа 495 мажи и жени (на возраст од 18 до 93 години). Тие мораа да пополнат прашалник и да одговорат на прашањето „Поради што луѓето се чувствуваат сакани?“. Секое од поставените 60 прашања започнувало со „Повеќето луѓе се чувствуваат сакани кога …“.
Истражувачите дошле до заклучок дека повеќето луѓе се чувствуваат сакани кога комуницираат со други луѓе, а не кога добиваат подарок.
„Нашето истражување открило дека овие микро-моменти на позитивност, убавиот збор, галењето со детето или чувството на разбирање ги прави луѓето да се чувствуваат сакани. Семејните одмори даваат многу можности за интеракции полни со љубов затоа што семејството е лишено од секојдневни обврски и пречки“.
За следниот роденден или празник, наместо играчки, размислете да му подарите на вашето дете и на себе семеен одмор. Можете исто така да побарате и од други луѓе (баби и дедовци) да учествуваат во финансирањето на семејниот одмор наместо да купуваат играчки. Спомените за тоа специјално време што го поминувате заедно како семејство ќе траат многу подолго од играњето на детето со која било играчка.
Фото: Pixabey