Запознајте ги своите „лимони“

Кампањата што користи лимон за да ги научи жените да ги препознаат симптомите на рак на дојка, се користи за да се едуцираат луѓето ширум светот.

0
478

Кампањата #KnowYourLemons, користи лесно разбирлив визуелен приказ, во кој сликите на лимони покажуваат 12 клучни промени на дојките што може да укажуваат на присуство на карцином на дојка.

Кампањата станала вирална – сликата е прегледана повеќе од 3 милиони пати на платформата на Фејсбук! Покрај тоа, оваа кампања ја презентираа медиумите ширум светот.

Но, која е тајната за успехот на оваа кампања?

Корин Елсворт Беомонт, доктор, основач и извршен директор на Worldwide Breast Cancer, верува дека ова е затоа што кампањата користи визуелни ефекти и моќта на современиот дизајн.

Таа објаснила дека многу студии покажале дека пациентите запомнуваат многу малку (14%) од она што е кажано во текот на консултацијата.

Покрај тоа, таа кажала дека значителен процент од пациентите имаат „ниска здравствена писменост“, а многу од нив се чувствуваат непријатно да зборуваат за градите и ракот, дури и со своите пријатели и семејството.

Ова визуелно решение е добитна комбинација затоа што е многу достапно. Пациентите гледаат лимон, но го толкуваат како дојка”.

Д-р Беомонт започнала да работи на кампањата #KnowYourLemons пред повеќе од 15 години, по смртта на двете нејзини баби од рак на дојка. Тоа ја натерало да дознае повеќе за болеста.

Таа вели дека секогаш се става себеси „во позиција на пациентот“ да го види проблемот од неговиот агол, а потоа разговара со медицинскиот персонал и потоа развива визуелни решенија засновани на нивните потреби.

Визуелните ефекти и придружните летоци се преведени на 16 јазици, но д-р Беомонт бара донации за проширување на кампањите на повеќе јазици.

Извор: Worldwde CancerCampaign

[better-ads type='banner' banner='999' ]