Седумдесет и петгодишна жена вдомила повеќе од 600 деца

Ја нарекувале добра Самарјанка затоа што била позната по тоа што никогаш не одбивала да посвои дете, без оглед на околностите. Но, нејзината импресивна приказна не запира тука...

0
330

На Линди Херинг ѝ било предодредено да има многу деца – повеќе од шесто. Оваа 75-годишна жена од округот Џонсон, во Ајова неодамна ги прославила своите пет децении на вдомување деца, а за неа специјална прослава била подготвена од страна на локалното Министерство за хумани услуги.

Таа го презела тој голем чекор со помош на нејзиниот сопруг Боб. Тие биле згрижувачи на деца уште додека заедно живееле во Оксфорд, а им ја отвориле вратата на својот дом и на децата во Тифин, кадешто подоцна се преселиле.

„Мојата најдобра пријателка беше згрижувачка мајка и мислев дека би било убаво да го сторам истото, но сакав мали деца. Разговарав со надлежниот оддел и се согласив да доведам деца со посебни медицински потреби во мојот дом”, се сеќава Херинг. на нивните почетоци во згрижувањето на деца.

Покрај тоа, Линда отворила и дневна установа во нејзиниот дом и работела како ноќен чувар во блиското училиште. Сето ова додека се грижела за своите многубројни згрижени деца.

Ја нарекувале добра Самарјанка затоа што била позната по тоа што никогаш не одбивала да посвои дете, без оглед на околностите. Но, нејзината импресивна приказна не запира тука.

Херинг има пет биолошки деца, но со текот на годините посвоила три деца, кои ги одгледувала преку програмата за згрижување. Денес триесет и деветгодишниот Ентони Херинг имал само 6 месеци кога дошол да живее со неа, а на 3-годишна возраст и официјално станал член на семејството.

„Сега, кога сум и самиот родител, повеќе го ценам тоа што сум посвоен отколку што бев кога бев дете. Засекогаш ќе бидам благодарен за животот што ми го дадоа. Таа и тато ме научија дека семејството не е определено со крвта, тоа се луѓето што ги имате во вашиот живот“, изјавил Ентони за Си-Ен-Ен.

„Тешко е со зборови да се опише влијанието. Таа беше секогаш достапна и подготвена да му помогне на секое дете во потреба. Овие деца обично беа донесени од трауматска ситуација и таа ќе ги примаше, ќе им обезбедеше топол кревет, чиста облека, топли оброци и љубов”, се сеќава тој.

„Таа работеше напорно за да ги задржи семејствата, браќата и сестрите заедно. Таа им помогнала на биолошките родители да ги променат животите за да можат да ги задржат своите деца. Таа секогаш ќе се погрижела новото бебе во нејзиниот дом да добие професионална фотографија објавена на ѕидот во дневната соба. Ова изгледа како мала работа, но тоа им помага да се чувствуваат како дома“, го опишал Ентони животот со Линда.

Нејзините други две посвоени деца имаат сериозни медицински специјални потреби, а едно од нив, Дани, е целосно зависно од нечија нега. Никој не веруваше дека може да преживее долго по раѓањето, но тој денес има 29 години.

Исто така, таа со својот пример ги охрабри своите биолошки деца да го направат истиот чекор. Дури четири од нив имаат искуство со згрижување деца, додека тројца од нив дури имаат посвоено деца во неволја.

Линда престана да згрижува во средината на минатата година, поради сопствените здравствени проблеми и признава дека многу пати во текот на животот се прашувала зошто воопшто го прави тоа. Без оглед на тоа колку време поминале децата во нејзиниот дом, нејзините збогувања секогаш биле многу тешки за неа. Сепак, рече таа, таа знаела дека има многу љубов што може да им ја даде на овие деца.

Фотографијата и текстот се од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]