Режисерот Ли Леочер од Бостон сакал да ја запроси својата средношколска љубов на оригинален начин кој ќе се памети и прераскажува, а судејќи по бројот на прегледи на Јутјуб кадешто е објавена видео снимката од најоригиналната просидба досега, успеач во тоа.
Ли и неговата долгогодишна девојка отишле во кино за да го гледаат нејзиниот омилен анимиран филм „Заспаната убавица“. Пред крајот на проекцијата на овој Дизниев филм, принцот Филип и принцезата Ружица почнале да личат на Ли и на неговата девојка.
Наеднаш, главниот јунак на анимираниот филм го „пробил“ биоскопското платно и му ја „подал“ на Ли кутијата со прстенот. Потоа Ли клекнал и ја прашал својата девојка дали сака да му биде животна сопатничка. Во салата се огласил громогласен аплауз, а потоа следувало и објаснување дека Ли ја хакирал „Заспаната убавица“, а за амбициозноста на неговиот план зборува и фактот дека за тој посебен ден тој изнајмил биоскопска сала, па дури и отпечатил лажни влезници за проекцијата. И се разбира, во салата немало обична публика, туку нивните семејства и пријателите кои маестрално ги одиграле своите улоги.
Видео снимката од запросувањето ја ставил на Јутјуб, а го виделе речиси два милиони луѓе за само еден ден.
Ова прашање ѝ го поставил на последниот ден од 2019.година.
Исто така, тој имал и резервна снимка во случај неговата сакана да каже „не“. Тоа бил инсерт од цртаниот филм „Снежана и седумте џуџиња“, во кои џуџињата плачат. За среќа, немало потреба за тоа.
Текстот и фотографијата се од ТУКА.