„Имам дислексија. Се борам со читањето и пишувањето. Ги мешам зборовите. Понекогаш поради тоа се вознемирувам и се фрустрирам, но да се има дислексија во исто време значи дека можете да направите неверојатни работи“, открива тој на почетокот на снимањето.
Тој направил неверојатен портрет на својот омилен спортист и покажал дека може да се пофали со неверојатен талент.
„Дислексијата не е мој недостаток. Дислексијата е мојата суперсила “, напиша тој на картичката која со широка насмевка ѝ ја покажал на камерата.
Неговото видео броело илјадници прегледи, а тој стигнал и до борачот, кој го споделил на Твитер.
Мајката на Бенџамин, Мелани Русо, изјавила:
„Нашата цел е да ја рашириме свеста за дислексијата и да го натераме Бенџамин да се чувствува добро поради нешто што тој може, а повеќето луѓе не можат. Иако беше тивок и резервиран, тој беше возбуден поради лајковите што ги доби за неговото видео, а особено за твитот на борачот“.
Бенџамин има намера да создаде повеќе портрети со помош на Рубикови коцки, со поддршка од целото семејство.
Фото: YouTube screenshot