Како да разговарате со децата за климатските промени?

Иако сакаме да ги заштитиме, некои теми не треба да се занемаруваат - особено кога станува збор за благосостојбата и квалитетот на нивниот живот

0
93

Говорејќи неодамна за климатските промени и движењата, 16-годишната активистка Грета Тунберг всушност зборуваше во име на цела нова генерација на луѓе кои ги гледаат нивните животи директно поврзани со климатските промени. Иако повеќето млади луѓе на возраст од 7-24 години сè уште не го стекнале своето гласачко право, тие сакаат нивниот глас да се слушне преку штрајкови, тужби против климатски промени и разни еколошки кампањи.

Сè повеќе, можеме да видиме дека младите стануваат гласни и заземаат став затоа што наследуваат трајна криза – еколошка криза. Тие се многу загрижени за нивната благосостојба и иднината и имаат целосно право. Малите деца исто така стануваат се повеќе свесни, но треба повеќе да се разговара за да не ги фати прекумерна паника. Јасно е дека сакаме да ги заштитиме нашите деца од болка и тешки теми, но она на што треба да му дадеме приоритет е нивната (и нашата) заштита од климатски катастрофи. Како прво, потребно е да се утврди фактот дека тие се многу реална закана што веќе започна да ги доведува луѓето во опасност.

Многу е важно отворено да разговарате со вашите деца. Треба да бидат свесни дека можат да ги искажат своите чувства и фрустрации за планетата – важно е тие да не се чувствуваат осамени и погрешно разбрани во своите дилеми. И, конечно, како родители, ние сме одговорни за моделирање на еколошкото однесување дома, затоа што тука започнува сè. Во тој случај, стануваме херои кои им се потребни на нашите деца, и само тогаш искрено можеме да им кажеме: „Ситуацијата е лоша, многу сме загрижени, но правиме сѐ што можеме за да ве заштитиме и да ви дадеме подобра иднина“.

Младите нè учат колку е важно да се здружуваме со своите истомисленици и вистински да се залагаме за промените што сакаме да ги видиме. Исто така е важно да станеме сојузници и да ги поддржуваме во тоа нивните гласови да ги слушаме, затоа што и покрај тоа што се „мали“, тие се поголеми отколку што мислиме.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]