Колку често треба да одите на ултразвук кога сте бремени?

Оваа деликатна состојба повлекува голем број дилеми, меѓу кои и прашањето - дали ултразвукот е штетен за бебето? Речиси е невозможно да се замисли современа бременост без примена на ултразвук.

0
549

Оваа дијагноза за прв пат се применува во 1958 година во Велика Британија и оттогаш сѐ повеќе се користи.

Денес, секоја медицинска ординација го поседува овој апарат.

Благодарение на ултразвукот, лекарот може да ја следи состојбата на фетусот, што им дава дополнителна сигурност на родителите.

Во последниве години, овој дијагностички метод на некој начин почна да се злоупотребува. Некои идни мајки во текот на бременоста се подложуваат на вакво испитување дури 10-20 пати.

Појавата на повеќедимензионален ултразвук (3Д и 4Д) стана вистинска атракција! Со оглед на тоа дека овој преглед им овозможува на родителите да го видат, не само полот на детето, туку и цртите на неговото / нејзиното лице, идните родители често и целосно непотребно посегнуваат по него, од чиста забава.

А како фетусот го доживува овој преглед? Научниците откриле дека бебето е вознемирено за време на ултразвучниот преглед: се обидува да се сврти, ги крева рацете кон лицето, па дури и се обидува да ги затвори ушите со рачињата.

Значи, можеме да заклучиме дека ултразвучниот преглед не му годи бидејќи го нарушува неговиот мир и удобноста во стомакот на мајката.

Светската здравствена организација предлага рутинската ултразвучна дијагностика да се спроведува само три пати за време на бременоста.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]