Мајката е од Битола, првата рожба е женско бебе или како што информираат од болницата, тоа е првото македонско бебе родено во вода во матичната држава.
– Ова е огромен успех за нашиот тим, кој после бројните обуки надвор од државата, имаше можност оваа метода да ја примени за првпат и во Македонија. Породувањето за мајката и за новороденчето со оваа метода носи голем број предности, кај мајката се намалуваат на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување. Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките, велат од болницата.
Додаваат дека породувањето во вода важи за алтернативен метод, што често е применлив во клиниките во светот.
Преземено од ТУКА.