Близнаци кои се родиле во Индијана на новогодишната ноќ до крајот на животот ќе можат да тврдат дека се близнаци кои се родени во различни декади. Тоа е затоа што мајка им ги родила со 30 минути разлика еден од друг, пред и после полноќ.
Според вестите на „Индијанаполис РТВ6“, Жослин Грејс Гилен Тело пристигнала во 23 часот и 37 минути, на 31 декември 2019 година. Следувал нејзиниот брат Џексон ДеВејн Милс Тело во 7 минути после полноќ, на 1 јануари 2020 година. Настанот се случил во болницата во Кармел, оставајќи ги нивната мајка Дан Гилиам и таткото Џејсон Тело во состојба на изненадување. Близнаците не ги очекувале уште седум недели.
Ова не е прв пат календарот да создаде необични околности на раѓање.
Во 2018 година, Жоакин јуниор Онтиверос е роден во 23 и 58 часот, на новогодишната ноќ во Делано, Калифорнија, а неговата сестра Аитана де Хесус Онтиверос доаѓа 18 минути подоцна, во 2019. Година. Во 2016. година, Самјуел и Ронан Петерсон се родени во болницата Кејп Код во Масачусетс во ист период кога влегувала на сила промената на времето за 1 час. Па така, Самоил пристигнал во 1:39 часот по полноќ, а Ронан во 2 и 10. Но, бидејќи временската промена започнала во 2 часот по полноќ, времето на раѓање на Ронан станало 1 и 10 часот по полноќ, што го направило постар брат иако се родил подоцна.
Фото: Pixabey