Кога размислувам за светла иднина, мислам на време кога сите ќе имаат исти можности, без оглед на расата, религијата, културата, приходите, изгледот, возраста и способноста.
Наместо да ја славиме разновидноста, завршивме такашто ги осудуваме и ги искривуваме разликите. а таквите ставови ги уништуваат општествата.
Затоа, за да создадеме свет на мир и единство, треба да признаеме дека сите сме обликувани од искуствата, културите и заедниците, затоа треба да се однесуваме едни кон други со емпатија и разбирање.
Жоао Станганели јуниор од Бразил го прави токму тоа. Овој дедо кој страда од состојба на кожа наречена витилиго одлучил да направи нешто за децата со истата состојба.
Витилиго е состојба што прави делови на кожата да го изгубат пигментот и да се претворат во белини со остри маргини.
Тој не е ниту опасен по живот ниту е заразен, но во едно општество фокусирано на нашиот физички изглед, тој е крајно стресен, особено за децата. Децата кои страдаат од витилиго, честопати се малтретирани од своите соученици и пријатели.
Жоао живее со витилиго повеќе од три децении. Неговите први знаци на витилиго се појавиле на 38-годишна возраст. Тој имал кариера во индустријата за гастрономија, но срцевата состојба драстично му го сменила животот.
За да остане активен и здрав, тој почнал да изработува плетени кукли заедно со својата сопруга.
Првата работа што ја направил била кукла за нивната внука и додал неколку работи за девојчето секогаш да го памети. На тој начин, се создала Витилинда, убава кукла со дамки на кожата.
Така добил идеја да направи поинклузивни кукли што ќе им ја шират пораката на децата да ги почитуваат и ценат лицата со посебни потреби. Сепак, најважната цел е да се зајакне самопочитта на децата кои живеат со витилиго и да им го кренат духот.
„На почетокот прстите и грбот многу ме болеа, денеска повеќе не. Сè уште не сум во пензија, сè уште сум во старата работа со храна, но многу помалку. Во моментот минувам 90% од своето време со куклите. Имам многу нарачки“, вели тој.
Исто така тој има страница на Фејсбук и Инстаграм за да ги прикаже своите креации. Бројни луѓе му признале дека нивните најблиски биле понижувани или избегнувани од другите заради нивната состојба.
Тој тврди дека се чувствува удобно во своето тело и се прашува зошто луѓето се толку преокупирани со физичкиот изглед, додека никој не се грижи за нивниот карактер.
Фото: Фејсбук