Знаете ли што ги прави децата најнесреќни?

Во желбата да направиме успешни луѓе од нашите деца, ги забораваме важните работи. А нема понесреќно дете од она кое знае дека не ги исполнило очекувањата на родителите

0
613

На пат кон училиште, им даваме еден куп непотребни совети на своите деца. Сите сакаме децата да ни пораснат во организирани и одговорни луѓе и се обидуваме да поставиме цврста основа.

Но тоа што ги споредуваме со другите деца и им вршиме притисок дека мора повеќе, подобро, посилно, само не оддалечува од целта. Затоа што ништо не мора. Или не може…

Во сета таа желба од своите деца да направиме успешни луѓе забораваме важни работи. Сигурен начин да ги изгубиме е да барае премногу од нив. Затоа што тие секогаш даваат сѐ од себе…

vcgbfghjygjАко сте имале среќа во животот да се дружите со луѓе во чии куќи ништо не е во совршен ред, но љубовта е толку очигледна што се чини дека можете да ја помирисате и да ја почувствувате, знајте дека е тоа најважно. И тоа нема никаква врска со тоа колку се успешни оние што живеат таму, туку со тоа колку се почитуваат и се сакаат.

Нема понесреќно дете од детето кое знае дека не ги исполнило очекувањата на родителите.

Освен родителот кој знае дека не ги исполнува очекувањата на детето.

Залудна е потрагата, нема совршен живот, партнер, совршен ден… За една работа сум сигурна, ако сакате да ги изгубите луѓето околу себе, барајте од нив да бидат совршени.

Или уште подобро, обидете се вие да бидете совршени.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]