Кога некој се радува на подароци, не е важно што е подарокот (ВИДЕО)

Еден млад татко кој одлучил за Божиќ да се пошегува со својата малечка ќеркичка и да ѝ го подари „најлошиот божиќен подарок“, се изненадил од искрената детска реакција.

0
114

Еден татко во намера да се пошегува со својата малечка ќеркичка, за Божиќ ѝ завиткал во украсна хартија една обична банана и ја снимал додека го одвиткувала подарокот. Снимката која набрзо завршила на Твитер ја покажува восхитената реакција на девојчето од подарокот што го добила.

„Се обидов на својата ќерка да ѝ го дадам најлошиот божиќен подарок, но не очекував ваква реакција“, напишал овој корисник.

На снимката може да се види како девојчето со ентузијазам го одвиткува подарокот и се воодушевува кога ќе сфати дека станува збор за банана.

„Банана! Мамо, отвори ја! Тоа, ми се допаѓа!“, извикува девојчето кога гледа што добило.

Во големиот број на коментари за снимката може да се види дека ова девојче не е единственото кое добило ваков подарок за Божиќ и дека многу родители одлучиле на овој начин да се пошегуваат со своите деца, со тоа што не реагирале сите со вакво воодушевување.

Сепак, изгледа дека на најмалите навистина не им е важна содржината.

Фото: Твитер

[better-ads type='banner' banner='999' ]