Здрава замена за детската омилена храна – паштетите

Знаеме дека децата честопати сакаат индустриски паштети, но свесни сме дека ова сигурно не е најидеалниот појадок. Овие здрави намази сигурно ќе им се допаднат, а едноставно е да им ги направите.

0
430

Во само неколку потези можете да направите одлични намази за вашите деца за појадок. Потребен ви е сецко за храна или мултипрактик и неколку добри комбинации.

Со крекери, тост или парче домашен леб и чаша млеко, овие намази може да послужат како идеален појадок или ужинка.

Микс со пилешко

Ова е идеална варијанта ако ви останало печено или варено пилешко од вечера или од ручек. Покрај пилешките гради, потребни ви се и варен грав, мајонез, малку сок од лимон и сенф, сол и црн пипер по желба. Измешајте ги сите состојки додека не добиетекремава смеса. Послужете веднаш.

Намази со сирење

За првиот намаз со сирење ви треба:

1 кромид, ситно исечкан,  1 лажица јаворов сируп,  ¾ шолја рикота или урда, ¼ чаша рендан пармезан и 1 лажица маслиново масло. Загрејте го маслото во тава на средна топлина, а потоа динстајте го кромидот 10 минути. Додадете јаворов сируп за да добиете карамелизиран кромид (иако наместо сируп можете да додадете и малку шеќер). Оставете да се динста полека мешајќи уште 5 минути. Измешајте го кромидот со сирењата. Послужете веднаш или ставете го на ладно кадешто може да стои до 3 дена.

За вториот намаз подгответе 250 грама крем сирење, 4 млади кромидчиња и малку сечкана шунка. Ситно исечкајте го кромидот и измешајте ги сите состојки.

Со цвекло

Цвеклото е многу здраво, но тешко е да се натераат децата да го пробаат и да се навикнат на неговиот вкус. Тешко е и за возрасните. Затоа, испробајте ја оваа „маскирана“ комбинација.

За овој намаз ви требаат: 1 поголемо цвекло, исчистено, неколку чешниња лук, 2 лажици маслиново масло, 50-70 грама индиски ореви, 25 грама рикота и 25 грама грчки јогурт.

Загрејте ја рерната на 180C, а потоа ставете ги лукот и цвеклото во тепсија и попрскајте ги со масло. Печете 30 минути, а потоа извадете го лукот и продолжете да го печете цвекло додека не омекне.

Ставете цвекло под ладна вода и излупете. Ставете го во блендер и измешајте додека не ја добиете посакуваната густина, додајте го печениот лук, ореви, рикота и јогурт и сè добро измешајте додека не добиете кремава смеса.

Микс со спанаќ

Подгответе: 2 шолји павлака, 1 ипол шолја мајонез, 450 гр спанаќ и зачини по желба. Може да го измешате спанаќот со сите состојки свеж или кратко обарен во врела вода (добро исцеден). И намазот е подготвено за час.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]