Болката кај девојчињата не се сфаќа сериозно како кај момчињата?

Изненадувачки во оваа студија е тоа што повеќе жените биле тие кои процениле дека болката е многу поголема кај момчињата отколку кај девојчињата!

0
350

Новото истражување на универзитетот во Јејл открило дека возрасните посериозно ја сфаќаат болката кај момчињата отколку кај девојчињата. Оваа студија е проширена од студијата од 2014. година и открила дека кога едно момче доживува некоја болка, ние го сфаќаме посериозно отколку кај девојчињата, иако станува збор за иста повреда или ниво на болка. Исто така, жените побргу ќе поверуваат дека го боли момчето отколку девојчето!

Објавено во списанието за детска психологија, во текот на истражувањето на возрасните им било прикажувано видео на дете за кое не можело да се знае од кој пол е, а било во лекарска ординација. Откако возрасните го гледале видеото, на една група им било кажано дека детето го носи името Самуел, а на другата дека името на детето е Саманта. Потоа, од возрасните било побарано да го оценат нивото на болка што ја доживува детето.

Иако сите го гледале истото видео, возрасните ја оцениле болката како посилна кога верувале дека станува збор за момче.

„Истражувачите ова го припишале на потценувањето на болката кај женските деца и преценувањето на болката кај машките деца, што е културолошки условено, но научно без докази, како што е митот дека момчињата посилно поднесуваат болка, а девојчињата се поемотивни“, објасниле од Јејл.”

Нивното откритие посебно го потврдило ставот на жените кои учествувале во истражувањето. Мажите сепак ја оцениле болката послично кај момчињата и девојчињата, додека жените ја оцениле болката кај момчињата како многу посилна отколку кај девојчињата. Истражувачите не биле сигурни зошто е тоа така.

Водачот на студијата Брајан Ерп рекол за Си-Ен-Ен дека луѓето можеби имаат вакво размислување: „За да покаже едно момче дека толку многу го боли, веројатно навистина силно го боли“. Џошуа Монрад, друг водач на студијата, рекол за медиумите дека неговиот тим се надева дека со ова истражување поттикнал повеќе истражувања на таа тема.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]