ТОРИ Оједа има 20 години и приказната за нејзиниот љубовен живот штотуку достигна неверојатни размери. Поточно, таа го запознала својот прв партнер, 18.годишниот Марк, во средно училиште, и тие започнале врска. Само два месеци подоцна, таа влегла во врска со Тревис (23), а во јули годинава, се венчале. Но, приказната не застанува тука. Во меѓувреме, таа исто така нашла љубов кај нејзините долгогодишни пријатели Итан и Кристофер.
Пред седум месеци, Тори забременила и сигурна е дека Кристофер е татко на малото девојче што го носи. Но, бидејќи сите живеат заедно, тие планираат да бидат рамноправни во воспитувањето на своето дете.
„Крис е биолошки татко, а тоа го знаеме по датумот на зачнување“, објаснила Тори и додала дека тие во тоа време биле сами на одмор, такашто не постои друга можност.
На прашањето како ќе се справи со тоа што треба да ја сподели титулата на татко, Кристофер одговара дека смета дека е тоа интересно.
„Јас пораснав со идејата за еден татко и една мајка, но ние момците се поддржуваме едни со други. Ние сме тим. Се шегуваме на тема на она ‘прашај го тато’, како тоа ќе се врти во круг”, рекол тој.
Очигледно, станува збор за отворена врска, но интересно е што само оваа идна мајка има повеќе партнери, и покрај тоа што и самата ги охрабрува своите партнери да си најдат и други девојки.
„Посакувам да најдат и други партнерки. Тешко е да се организира времето и да се прилагоди распоредот на сите петмина без некој да се чувствува отфрлено. Посакувам да не бев единствената жена во оваа врска. Тоа би било убаво“, вели таа во разговор за Дејли Меил.
Имено, секој има своја спална соба, но мажите наизменично одат во нејзиниот кревет секоја вечер. Тие признаваат дека понекогаш има љубомора, но решаваат сè со разговор.
Инаку, ваквиот однос се нарекува полиаморија. Тоа е ситуација во која се негуваат романтични врски со повеќе од една личност, со согласност на сите учесници. Но, тоа се разликува од полигамијата во тоа што врската со третиот партнер не мора да вклучува брак.
Сепак, Тори признава дека некои членови на нејзиното семејство не сакаат да се изјаснат за тоа што мислат за ваквиот соживот и љубовен однос, и таа честопати се среќавала и со осуда на другите луѓе, па дури и со навреди. Исто така, со оглед на тоа што во куќата има пет возрасни, тие се согласуваат дека во иднина би требало да имаат уште деца.