Не смеете да го присилувате детето да гушка или бакнува некого, дури и ако е роднина

Ајде, бакни ја тетка НЕКОЈА? Гушни го чичко ти, братучетка ми, пријателот или сосетката. Дали и вие понекогаш им го правите ова на вашите деца?

0
269

Многу е важно да го научите вашето дете уште од рана возраст како да се заштити од лоши работи. Сепак, многу родители имаат навика да го форсираат детето да се бакнува или да се гушка со роднини што не ги знае, и им се чини дека е тоа невин гест, но не е така

Зошто?

Прво, ќе мисли дека секој возрасен човек може да го допира.

Децата учат од своите родители, но и од своето опкружување. Ако роднините кои едвај ги познаваат, ги прегрнуваат и ги бакнуваат во образите секој пат кога ќе ги видат, ќе мислат дека тоа е нормален чин. Затоа е многу важно да го научите вашето што се „добри“ и „лоши“ физички контакти, пишува Brightside.me.

Ќе мислат дека не се доволно важни за вас

Физичкиот контакт со далечни роднини во посебни прилики може да биде нормален за вас, но вашето дете треба да се навикне на такви околности. Ако вашето дете одбие да ја гушне својата тетка или чичко, а вие сѐ уште го форсирате, тоа ќе почне да мисли дека повеќе ги почитувате странците отколку него.

Ги учите дека роднините не можат да бидат насилници

Според истражувањето на организацијата DoSomething.org, речиси 70% од случаите на злоупотреба на деца се случуваат во семејството. Ако ги принудите да ги прегрнуваат и да ги бакнуваат луѓе што едвај ги знаат, вие го терате детето да верува дека нема ништо лошо во тоа ако некој насилно ги гушка и дека нивните роднини не можат да бидат насилници.

Ги збунувате – дали треба да им веруваат на непознати или не?

Во еден момент ќе им кажете на децата да избегнуваат да зборуваат со странци и никогаш да не земаат ништо од нив, а потоа од друга страна, вие ги барате од нив да му дадат бакнеж на некој што не го познаваат. Секако, роднините се семејство и тие не се странци, но децата тоа не го знаат. Оваа состојба го збунува детето и вие правите да се прашува кому да му верува.

Може да има причина зошто децата чувствуваат одбивност

Се вели дека децата имаат подобро чувство за добро или лошо. Ако вашето дете одбива да отиде во нечии раце и почнува да плаче кога и да е во туѓи прегратки, можеби има добра причина за тоа. Постарите деца можеби имаат добра причина поради нешто што роднините им направиле или им кажале нешто. Наместо да го присилувате вашето дете, почекајте гостите да заминат и да разговарате со нив зошто не сакаат да се гушнат.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]