Не го доиш, зошто не го доиш?!?

Ова е обично директно, глупаво и непристојно прашање кое следува веднаш откако некоја мајка ќе каже дека не го дои своето бебе. Секако, тоа не е работа на тие што го поставуваат, но можеби некој треба да им објасни дека најчесто овие мајки имаат добри причини за тоа. На пример, сте слушнале за Полска синдром?

0
189

Холи Лепард е сопруга и мајка која пишува за менталното здравје на мајката и за доењето. За Motherly таа напишала зошто е важно да не се осудуваат мајките кои ги хранат своите деца со помош на шише:

Доењето е најдобро. Сите го знаеме тоа. Покрај сите кампањи, реклами и летоци, тешко е дека некој не ги знае предностите на мајчиното млеко.

Колку и да се овие кампањи за кревање на свеста големи, тие создаваат огромен притисок на мајките да се сконцетрираат исклучиво на доењето. За жал, дојките не соработуваат секогаш и во мојот случај, доењето не е опција.

Дали некому кој работи маркетиншка кампања за доењето и за сите предности на доењето, му паднало на памет дека постојат жени кои едноставно, од разни причини, не можат да дојат? Тоа сигурно не и паднало на памет на жената која дојде на мојот курс за родителство и рече дека задолжително морам да се запишам на курс за доење.

Па зошто не можеш да доиш?“, е обично директно, глупаво и непристојно прашање кое следува веднаш откако ќе го кажам тоа на глас, па за сите кои ги интересира, имам Полска синдром.

Никогаш не си слушнала за него? Не си единствена.

Мојата десна дојка се развила, но во неправилен облик, а левата воопшто не ми се развила. Можеш и сама да замислиш како ми било во тинејџерските години.

Ни после некое време, состојбата со моите гради не се менуваше, па моите родители се одлучија да ми плататпластична операција. Вграден ми е имплантант во левата дојка, десната ми ја преобликуваа, а брадавиците повторно ги наместија. Се обидоа сé што е потребно внатре да спојат, но немаше гаранции за иднината и за доењето.

За време на бременоста, моите гради не се менуваа. Не се зголемија и не почнаа да произведуваат млеко. Морав да се помирам со фактот дека ќе морам детето да го хранам со шише од самиот почеток. Не можам да го опишам чувството на вина поради тоа што не можев природно да го хранам своето дете. Се чувствував како да не сум успеала – како жена.

Обвинувачките погледи кои ги чувствував на своја кожа секогаш кога ќе го земев шишенцето за хранење, ме спречуваше да им ја објаснам на луѓето својата состојба, што беше погрешно на многу нивоа.

Зошто би морала некому да му се оправдувам? Научниците ги осмислиле формулите за млеко за да им ги овозможат на бебињата потребните хранливи материи и за да можат тие да пораснат во здрави, мали, среќни луѓе.

Очигледно јас не сум единствена мајка којаго храни своето дете на шише. Еве некои од причините кои ги спречуваат некои мајки да ги дојат своите деца:

  • можеби била на операција на градите
  • можеби примала зрачење или хемотерапија
  • можеби детето развило интолеранција на млеко
  • можеби мајката страда од хронична болест и како резултат на тоа може да и биде нарушено здравјето.
  • Можеби се случиле компликации за време на породувањето
  • можеби е нејзиното дете посвоено или вдомено

И на крајот, постојат мајки кои се обиделе со доењето. Кои од петни жили сакале да успеат, но не им одело, поради многу причини. Некои од нив :

  • Имаат отечени гади и чувствителни брадавици
  • имаат постпородилна депресија
  • Исцрпеност….
  • Сигурна сум дека постојат уште милион други причини.Сите знаеме дека во идеален свет доењето е најдобар пат кон напред. Сите го знаеме тоа. Значи, оние од вас кои уживаат во изразувањето на својот презир кон хранењето од шише – за жал, ве има многу такви – кога следниот пат ќе видите жена како го храни своето дете со вештачко млеко, обидете се да ги прескокнете своите заклучоци за тоа колку му е таа мајка посветена на своето дете. Немате поим зошто таа користи заменско млеко, ниту пак треба да ве интересира тоа.

    Секако, моите зборови не се напад врз доењето. Поддршката на доилките е важна и треба да се поттикнува едукацијата и протокот на информации и насоки. Треба да им се оддаде признание за напорното време кое го вложуваат во доењето; тоа не е лесно. Меѓутоа, не треба да се осудуваат останатите!

    Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]