Седум грешки кои бремените жени треба да ги избегнуваат заради здравјето на бебето

Во бременоста е најдобро да се држите подалеку од два вида риби, од меки сирења, кофеин, алкохол.....

0
841

Кога се бремени, жените се стремат да се придржуваат кон здрав начин на живот и да јадат здраво заради себе, но и заради своето бебе. Сепак, некоја храна и некои пијалоци воопшто не се безбедни за консумирање во текот на важните девет месеци од бременоста, пренесува BrightSide.

1. Одредени риби

Во бременоста е најдобро да се држите подалеку од два вида риба. Првата е риба за која е познато дека содржи високи нивоа на жива (риби како сабјарка, ајкула, туна и скуша). Живата е поврзана со развојни и мозочни проблеми кај децата. Крапот содржи умерено ниво на жива и треба да се конзумира со претпазливост не повеќе од еднаш неделно.

Втората е риба фатена од локалните реки, потоци и езерца во близина на големи фабрики или други извори на загадување. Тука спаѓаат смуѓ, штука и пастрмка кои можат да содржат високи концентрации на полихлорирани бифенили.

2. Меки сирења

Овие деликатеси можат да содржат E. coli или листерија, бактерии кои можат да предизвикаат многу непријатни здравствени проблеми.

Примери на такви сирења вклучуваат рокфорт, камемберт, горгонзола, фета, бри, доколку се направени од непастеризирано млеко.

Решението е да изберете цврсти сирења, или да консумирате меко сирење само ако сте 100 проценти сигурни дека е направено од пастеризирано млеко.

3. Чадена морска храна

Овие солени деликатеси не се безбедни, освен ако не се зготвени или печени барем на 80 ° C. Може да содржат листерија моноцитогенис, бактерија која предизвикува листериоза, опасна болест за вас и вашите малечки.

За да спречите листериоза, одберете конзервирана морска храна и ако сакате свежа, испечете ја или сварете ја.

  1. Премногу кофеин

Преголемите количини на кофеин се поврзани со мала родилна тежина на бебињата, предвремено раѓање, па дури и спонтан абортус, па затоа е важно да го одржувате внесувањето на кофеин под контрола.

Една шолја кафе или чај на ден се смета за безбедна, но обидете се да ја држите количината под 200 мг. И запомнете дека зелениот чај и газираните пијалоци содржат кофеин.

Изберете безкофеински пијалоци. Водата и свежите сокови секогаш се најдобриот избор.

  1. Месни преработки

Треба да ги избегнувате сите месни преработки кои се веднаш подготвени за консумирање бидејќи може да содржат бактерии што предизвикуваат листерија, која и претходно ја споменавме. На пример, треба да избегнувате салами, колбаси и кренвишли.

  1. Билни чаеви и други растителни додатоци

Сите мислат дека билките се една од најздравите намирници на планетата Земја и тоа е претежно точно.

Сепак, одредени билки се користат со векови за да се прекине бременоста и, за жал, продолжуваат да го имаат истиот ефект.

Прочитајте за секое растение што сакате да го консумирате во пијалок или во друга форма. Сепак, најдобро е да се воздржите од готови растителни мешавини во рестораните и продавниците (персоналот можеби нема 100% точни информации за нивната содржина) и да се одлучите за побезбедна чаша обичен зелен или црн чај.

  1. Алкохол

За жал, алкохолот што го пиете може преку постелката да стигне до вашето бебе во развој. И додека телата на возрасните имаат посебни ензими кои помагаат да се разгради алкохолот и да се исфрли од телото, фетусот може да има многу мали количини ензими или воопшто да ги нема.

Алкохолот влијае на развојот на клетките и им отежнува на хранливите материи и на кислородот да дојдат до телото на вашето бебе.

Во моментов нема докази дека дури и мали количини алкохол се безбедни во бременоста.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]