Деветгодишен вундеркинд завршил средно за 1 година, а факултет за само 9 месеци

Лорен Симонс е деветгодишно момче од Белгија, чудо од дете кое во декември треба да дипломира, а потоа, како шт открива, малку „ќе ја проучи медицината“. Докторски студии сепак нема да почнува додека добро не се одмори. Идол му е Никола Тесла и би сакал во сопствена лабраторија да создаде вештачки органи, а потоа и цело човечко тело.

0
757

Додека го гали кученцето, Лорен Симонс изгледа како кој било друг деветгодишник. Меѓутоа, тогаш потоа почнува да опишува како неговата работа на Универзитетот во Холандија подразбира развој на компјутерско коло што ќе реплицира дел од мозокот, пишува „Вашингтон пост“.

 

„Ние се обидуваме да ги поврземе невроните за да можеме да ги следиме реакциите на лек во одреден дел од мозокот“, вели малото дете, објаснувајќи го проектот во кој се комбинираат знаења од биомедицината и електротехниката.

Белгиското чудо од дете е на пат да стане најмладата личност на светот која завршила факултет. Тоа ќе се случи ако Лорен следниот месец положи сѐ што е неопходно за завршување на електротеничкиот отсек на универзитетот во Ајндховен.

„Планирам да започнам со докторски студии и да учам медицина. Но пред тоа – одмор“, ги открива момчето своите планови за постдипломски студии.

Лорен е роден во Белгија, но живее во Холандија. Тој завршил средно училиште за една година и, ако сè оди според планот, ќе ги заврши своите тригодишни студии за само девет месеци.

„Сите професори се задоволни што го имаат Лорен како студент и за сите нас ова е единствена ситуација затоа што тој е најмладиот студент што сме го имале досега“, објасни Сјоер Хулшоф од универзитетот во Ајндховен.

Кога не е на факултет, Лорен го шета кучето, игра видео игри и објавува фотографии на Инстаграм.

Тесла како модел

Инспириран од српско-американскиот пронаоѓач Никола Тесла, момчето планира да ја истражи областа на вештачките органи и можноста за развој на цело вештачко тело во неговата лабораторија.

„Моите баба и дедо страдаат од проблеми со срцето“, ја објаснува таквата одлука, деветгодишникот.

Во меѓувреме, фрчат понуди од универзитети од целата планета. САД во моментов предничат помеѓу дестинациите, а родителите се обидуваат да му помогнат на Лорен да донесе одлука.

Таткото на момчето, Александар Симонс, не се осмелува да шпекулира што сѐ може да донесе иднината на Лорен – сите претпоставки се распрснаа како меурчиња од сапуница.

„Нема брзање. Тој сега си игра со образованието. Се забавува како да е на игралиште и немаме ништо против“, заклучил гордиот татко.

Фото: screenshoot/Youtube

[better-ads type='banner' banner='999' ]