Неодамнешните истражувања покажуваат дека икањето им помага на бебињата да го регулираат дишењето и дека играат клучна улога во нивниот развој.
Истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) кои ја спровеле оваа студија следеле 13 новороденчиња и откриле дека икањето предизвикува бран на мозочни сигнали кои можат да помогнат во нивниот развој. Лоренцо Фабрици, еден од авторите на ова истражување, рекол дека оваа активност на мозокот може да им помогне на бебињата да научат да ги контролираат мускулите на дишењето, што на крајот резултира со самостојна контрола на дишењето.
Истражувачите потсетуваат дека фетусите и новороденчињата често икаат. Овој феномен е забележителен уште во деветтата недела од бременоста, а новороденчињата олцаат околу 15 минути секој ден.
Доенчињата вклучени во оваа студија имале електроди поставени на главата и сензори на торзото. Резултатите од студијата покажале дека контракциите во дијафрагмата на бебето создале три мозочни бранови, а веруваат дека преку третиот бран, децата можат да го поврзат олцањето со физичката контракција што ја чувствуваат.
Кимберли Вајтхед, која го водела истражувањето, изјавила за Си-Ен-Ен дека не е познато дали икањето има предности и за возрасните луѓе.
Фото: Pixabey