Многу родители креваат паника кога нивното дете ќе кивне или ќе шмркне и истиот момент го носат на лекар. Од друга страна, некои луѓе знаат да излезат на крај со здравствените проблеми на детето и не переруваат околу најмали ситници. Меѓутоа, некои работи не смееме да ги игнорираме.
Проблеми со видот
Малите деца не можат да ви кажат дека матно гледаат, но вие можетеда го забележите тоа, на пример, ќе забележите дека на вашето дете му е тешко да фокусира одреден објект.
Децата од училишна возраст можат да имаат потешкотии со читањето, па прашајте го вашето дете дали гледа што се пишува на табла, затоа што често се случува поради проблемите со видот детето да има проблеми во училиште, а тоа едноставно не гледа добро што пишува учителот и не може да го следи материјалот.
Висока температура и тешка главоболка
Децата често имаат покачена температура предизвикана од помали инфекции и тоа е најчесто безопасна состојба која нивниот организам многу лесно ги победува. Но ако станува збор за покачена температура со главоболка, особено ако е толку јака што детето едвај ги држи очите отворени, веднаш посетете педијатар.
Болка во стомакот
Некои деца имаат почувствителен систем за варење од другите и често ги боли стомак, а главно после храната која не им одговара. Но ако забележите дека детето се жали на болка во долниот десен дел од стомакот, ако повраќа, има пролив и стомак чувствителен на допир, можеби станува збор за нешто посериозно. Веднаш посетете го лекарот.
Екстремен замор
Ако забележите дека детет ви е поуморно од обично и го нема она ниво на енергија на која сте навикнале, не го игнорирајте тоа. Може да има повеќе причини за ова, а некои од нив и анемија, главоболка или депресија.
Проблеми со дишењето
Астмата е сé позачестена меѓу децата, а за да ги препознаете нејзините симптоми, не ја игнорирајтезадишаноста на детето при физичка активност, пискавиотзвук при издишувањето или бавното опоравување од респираторни инфекции.
Екстремно чувство на жед
После неколку часа трчање и игра со врсниците, нормално е детето да биде жедно, но екстремната жед е целосно поинаква. Ако видите дека детето пие многу вода, информирајте го лекарот за тоа бидејќи екстремната жед е и прв симптом за дијабетес.
Фото: Pexels