„Загрижена сум за младите кои се денеска изложени на огромен притисок поради социјалните мрежи“, рекла актерката Џенифер Гарнер која е мајка на две ќерки и син и смета дека социјалните мрежи не се најздравото место за младите.
На својата тринаесетгодишна ќерка Вајолет ѝ го забранила користењето на Инстаграм затоа што смета дека тоа не е добро место за тинејџерите кои допрва влегуваат во светот.
Таа рекла дека настојува да ја држи својата ќерка што подолго подалеку од Инстаграм.
„Загрижена сум за младите кои се денеска изложени на огромен притисок поради социјалните мрежи. Поради тоа сакам да ја држам својата ќерка подалеку од влијанието на социјалните мрежи. Таа оди во женско училиште и сега постојано ми бара да ѝ дозволам да отвори профил на Инстаграм“, рекла оваа грижлива мајка зад која е и мачниот развод од сопругот Бен Афлек.
Гостувајќи во емисијата кај Кејти Курик, Џенифер рекла дека сепак некогаш има чувство дека е лицемерна, затоа што таа самата има Инстаграм профил.
Што мислите вие за ова?
Фото: Pixabey