Цуцла после првата година, пелени после една ипол?

Многу родителски практики ги прифаќаме здраво за готово само затоа што ги применуваат и другите родители. Но можеби би требало да се запрашаме, како тие влијаат врз децата? На пример, дали е во ред да го смирувате со цуцла после првата година или да му ставате пелени после година ипол?

0
493

Цуцла лажливка после првата година

Рефлексот за цицање кај бебињата е тесно поврзан со чувството за безбедност и комфор. Меѓутоа, веќе околу навршена една година нивото на развој на детето му дозволува да ја регулира емоционалната состојба на некои посложени и поефикасни начини.

На пример, може да се пожали и како одговор на тоа да добие нежност и сочувство од возрасните или може со гест да укаже на тоа што му треба и така да ја отстрани причината за непријатноста. Ако за решение на било кој проблем постои само еден начин – цицање на цуцлата, детето и во иднина би можело да и остане верно на таа навика: да грицка нокти и моливи, а кога ќе потпорасне – да пуши. Освен тоа, цицањето на цуцлата, според стручњаците, му асоцира на детето на доење, а кога јаде, тоа кај човекот предизвикува чувство на безопасност. Според тоа, ако детето цица цуцла, тоа сето време се чувствува безбедно, а тоа не е секогаш добро. Како што е познато, човек се развива само тогаш кога ќе излезе од зоната на комфорот. Ако сето време ја цица цуцлата, вашето дете не ја напушта зоната на комфор па нема да му се развиваат потребните поттици.

Пелени после 1,5 година

Заради развој на контролата на функциите на својот организам, неопходно е детето да чувствува некаква неудобност на која може да реагира. Важно е да с еима предвид тоа дека способноста за контрола на мочкањето и какањето е во тесна врска со регулирањето на целокупното однесување. И затоа, ако залудно се обидувате да се изборите со испадите на детето, агресија и хистеризирање – почнете од учењето на нокшир.

Закривени лажички и дубаци на било која возраст

Закривените лажички благодарение на кои се од лажичката стасува до устата на детето, а не покрај неа, се корисни од гледиште на заштеда на кашичките и сапуните, меѓутоа не помагаат во развивањето на претставата за простор. Затоа што баш на тој начин што многу пати ќе си ја промашат устата, децата постепено се навикнуваат да разликуваат каде што се наоѓаат нештата на неговото лице. Истите проблеми, само во однос на целото тело, настануваат кога детето користи дубак. Затоа не паѓа и нема можност со лактите и со колената да го почувствува светот околу себе, па затоа ќе му треба подолго време да формира слика за светот.

Интерактивни играчки што зборуваат, после втората година

Не станува збор за играчки кои свират или испуштаат други звуци, туку за крзнени животни кои содржат електронски уреди па можат да изговараат цели фрази и да одговараат на едноставните детски прашања. Во рекламите обично се вели дека „ќе станат најдобри другари“.

Меѓутоа, токму тоа својство на овие играчки би требало да ги повика родителите на претпазливост. Затоа што комуницирањето не е само способност за говорење, туку и вештина за снаоѓање во контекст на дадена ситуација, оценување на гестикулацијата и интонацијата на соговорникот.

Детето кое многу време минува со интерактивна играчка единствено учи механички да ги повторува зборовите.

Телевизор на која било возраст

На децата не влијае негативно само поголем дел од содржините што се емитуваат, туку и навиката телевизорот да се користи како постојан звук во позадината. Некои деца толку се навикнуваат на телевизорот, што потоа не поднесуваат тишина а тоа негативно се одразува на уќилишната дисциплина.

Слатки во неограничени количини

Навиките брзо да се задоволи гладот со нешто благо се повторуваат со генерации. Кога родителот се жали дека детето не јаде ништо друго освен слатки работи, можеби би требало да се запраша, а од каде му се на детето тие? Праксата покажала дека човек кој пореку ден не јадел ништо, предвечер јаде се.

Електронски игри без ограничување

Корисниот ефект од многу игри на таблет или на телефон, од кои по нешто можеби и може да с енаучи, најчесто се поништува со количината на време кое детето ќе го потроши на нив. Непостоењето на ограничување го зголемува ризикот од развивање на зависност што има за пследица преокупација со мислите за игрите кои потиснуваат се друго.

Играчки монструми на која било возраст

Стварноста ја одредува свеста. Со што ќе се наполни свеста на детето ако неговата стварност се состои од кукли-минструми кои спијат во гробница или од трансформери со грди гримаси?

Велосипед на три тркала после 3 години

Додека велосипедот на две тркала го развива чувството за рамнотежа кај детето, оној со три тркала му помага на детето да научи да се потпира со една нога а со другата да се оттурнува, без никаква координација на тие процеси. Затоа, ако сакате детето да стекнува нови навики, учете го да се снаоѓа со помалку тркала.

Џепарлак во износ поголем од неопходниот на која било возраст

На искушението на непромислено трошење пари тешко му одолеваат и возрасните – а што останува за децата! За да се научи детето да ги планира трошоците, треба да се најде во ситуација да одбира, на пример, дали за појадок ќе купи нешто за јадење или ќе купи мастики и ќе остане гладен.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]