Трудници, намалете ја болката во грбот

Центарот на гравитација на женското тело се поместува нанапред со растењето на матката. Се менува положбата и начинот на движење, што претставува дополнителен напор за рбетот и грбот и резултира со болки во тој предел

0
5885

Болка во грбот е еден од проблемити што ја пратат бременоста. Жените често се жалат на тоа. Повеќе од 50 отсто трудници страдаат од тие проблеми. Болка во грбот за време на бременост се јавува поради промена во контурите на женското тело со растот на детето од месец на месец во мајчината утроба. Дополнителната тежина предизвикува промена на гравитацијата на женското тело. Големите хормонални промени кои се одвиваат во раниот стадиум на бременоста исто така се еден од причините за болка во грбот.

Центарот на гравитација на женското тело се поместува нанапред со растењето на матката. Се менува положбата и начинот на движење, што претставува дополнителен напор за рбетот и грбот и резултира со болки во тој предел. Во одредени случаи, уринарните инфекции кои исто така се честа појава во бременоста може да бидат причина за болка во грбот. Ако имате акутни болки во првите месеци од бременоста веднаш побарајте помош од лекар. Болките во грбот во текот на бременоста може да настанат од низа фактори кои бараат внимание од лекар. Лековите кои обично ги земате за оздравување во текот на бременоста треба да се избегнуваат. Одговорни сте за два живота затоа лековите може да ги земате само во консултација со лекар. Вежбањето е сигурен лек кој може да помогне на трудниците.

– Едноставно одење е најдобра вежба.

– Но, немојте да одите брзо и агресивно.

– Немојте да стоите подгрбавено. Задржете го исправеното држење со користење перница.

– Избегнувајте вежби за мускули зошто може лошо да се одрази на вашите болки во грбот.

– Трудниците не смеат да стојат долго, во текот на патување или некоја друга причина.

– Немојте пречесто да ја менувате положбата на седење.

– Во рана бременост неопходно е доволно да се одморате и спиете.

– Избегнувајте да одите на високи потпетици.Ова е опасно бидејќи премногу се напрега грбот.

– За седење користете низок, рамен стол.

– Исто така избегнувајте долги домашни обврски.

– Облеката треба да ви биде удобна. Избегнувајте тесна облека.

– Дури и ако сте изморени немојте да се фрлите напред на стомак. Можете да замислите кои проблеми ќе ги предизвикате. Можеби, многу ваши искусни  пријателки и роднини ќе ви дадат совети за проблемот со болки во грбот. Некогаш тие совети се покорисни од медицинските.

Фото: www.huffingtonpost.co.uk

[better-ads type='banner' banner='999' ]