Татко предупредува на опасност откако син му починал спиејќи во автоседиште

Таткото Рин Јунглинг одлучил јавно да ги предупреди родителите а опасноста која ги демне бебињата во автоседиштата откако неговиот син починал

0
1342

Триесет и двегодишниот Рин Јунглинг и неговата сопруга Рејчел се обидувале седум години за да добијат дете, а потоа, во јануари 2018.година конечно станале родители на близнаци.

„Тоа беа нашите бебиња чуда“, изјавил Јунглинг за Today Parent за своите деца, момченцето Андерс и ќеркичката Лин.

Но само за една година Андерс трагично починал откако воспитачката во градинка го оставила да спие во автоседиште.

Инцидентот се случил на 12 јануари, откако Рејчел ги оставила децата во градинката. Андерс бил буден кога родителите го поздравиле.

„Рејчел го погледнала и рекла: ‘Чао, пријателче!’ а тој возвратил со насмевка. Бил буден, но поспан и таа си заминала“, се потсетува Рин.

Недолго потоа момченцето починало спиејќи во автоседиштето. Истрагата утврдила дека причина за смртта е позициска асфиксија до која доаѓа кога положбата на телото оневозможува правилно дишење.

Во Андерсовиот случај главата на момчето му паднала на градите додека спиело, со што му бил прекинат дотокот на воздух.

Семејството Јунглинг сега соработува со организацијата ’Safe Kids Worldwide’ за да ги информира за опасностите од спиење во автоседалка надвор од возилото. Имено, според нивните податоци, речиси 12 илјади случаи на смрт на доенчиња во периодот од 2004. до 2014.се поврзани се со спиењето во седечка положба.

Речиси 220 бебиња починале спиејќи во автоседишта, а само 0,2 проценти од смртните случаи се случиле за време на возењето.

„Автоседиштата се исклучитечно важни за сигурно возење, но децата не би требало да спијат во нив додека се дома. Најбезбедно е да се легнат на чиста и рамна површина“, вели д-р Рејчел Мун.

Семејството Јунглинг неодамна го доби синот Елиас.

„Смртта на Андерс е сто отсто превентабилна. Никогаш ништо и никој нема да го замени, но сакаме да направиме сѐ за ваквиот случај повеќе никогаш никому да не му се случи“, заклучил Рин.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]