Икигаи е смислата на животот или она поради што секој ден стануваме со радост. Ики на јапонски значи живот или да се биде жив, а гаи значи „она што е вредно“.
Според Јапонците, сите носиме во себе некои икигаи, па дури и неколку, иако не сме свесни за тоа. Икигаи е смислата на животот или она поради што секој ден стануваме со радост. Ики на јапонски значи живот или да се биде жив, а гаи значи „она што вреди“, па буквален превод би бил „она поради што вреди да се живее“. Икигаи претставува јапонска животна мудрост, суптилност и начини на постапување единствени во јапонското општество, а во последно време концептот на икигаи сѐ повеќе го окупира западниот свет, баш како што светот неодамна го освои данскиот hygge (пријатност на познатото).
Во Јапонија концептот икигаи ја отелотворува среќата во животот, му дава задоволство и значење. Важно е да се има јасен и дефиниран икигаи, голема страст, а не треба да бидете Јапонец за да го искусите, велат двајцата Медитеранци, Хектор Гарсиа и Френсис Миралес кои се впуштиле во приближувањето на тој концепт во западниот свет. Нивните книги „Икигаи“ и „Икигаи во пракса“, се светски бестеселери.
Тајни за долг и среќен живот
Хектор Гарсиа е роден во Валенција, а од 2004.година живее во Токио. Неговата интернет страница kirainet.com, со повеќе од милион прегледи месечно, е светски референтна страница за популарната јапонска култура. Френсис Миералес е поранешен новинар во барселона, се занимава со теми од психологијата и духовноста, а моментално работи на развој на метод кој комбинира логотерапија со културата на икигаи. За потребите на своето проучување, двајцата биле во Окинава, островот на стогодишници, кадешто интервјуирале стотина старци кои им ги откриле своите тајни за долг и среќен живот.
Дознале не само како се хранат, како се движат, како работат, како се поврзуваат со другите, туку и како го пронаоѓаат својот икигаи, кој му дава смисол на нивниот живот и ги поттикнува да живеат сто години во полна форма.
„Жиеејќи со нив, сфативме дека всушност никој од нив не е во пензија. Сите без вработени и многу од нив комбинираа различни работи. Запамтивме само една „препирка“: „Откако престана да го водиш сметководството за продавницата за зеленчук, почна да ја губиш бистрината“,му вели Акико на својот пријател од 96 години прекорувајќи затоа што се опуштил откако пред две години ја оставил работата. Акико (92) ги комбинира улогата на претседателка на заедницата на соседи со продажба на рачно изработени торби во еден селски дуќан. И натаму е потполно активна и често вели: „Ако не работиш ништо, смртта ќе дојде по тебе“. Еден од заклучоците до кои дојдовме во своето истражување беше дека жителите на селото на стогодишниците го нашле своето икигаи во постојаната активност. Можеби најголемата тајна на долговечноста е во посветувањето на своето време на активностите кои ги сакаш“, пишуваат Гарсиа и Миралес во книгата „Икигаи во пракса“.
Нивната претходна книга „Икигаи: јапонската тајна на долгиот и среќен живот“, на општо изненадување, уште на самиот ден на објавувањето била на прво место по онлајн продажбата во Шпанија, а подоцна е продадена во триесет земји. Авторите добиле стотици пораки, а исто така, често ги прашувале и: „Како да го пронајдам својот икигаи?“ или „Знам која е мојата животна страст, но постојано сум толку преокупиран со обврски што едвај имам време за своето икигаи. Како да го исполнам својот сон?“
Авторите повторно отпатувале во Јапонија во потрага по основните лекции за тоа како да се постави својот икигаи во центарот на животот.
Кога размислуваме за својот икигаи, советуваат тие, во него треба да се наоѓаат четири животни квалитети – она што човек го сака, она во што е добар, она што на светот му треба и за што може да се биде платен.
Треба да се отфрли скромноста и несигурноста, да се провери еднаш засекогаш кои подрачја или способности ни се природни, треба да станеме одговорни личности сигурни во себе, способни да ги одбраниме и потенцираме своите спсособности; треба да се позанимаваме сами со себе и да откриеме што е она поради што сакаме да станеме наутро, што е она што не исполнува со мотивација и на крајот треба да размислиме како можеме да се занимаваме со она што го обожаваме затоа што не е исто, на пример, да се плови и да се изгради брод. Кога еднаш ќе дознаеме тоа, велат авторите, треба да тргнеме и да уживаме во авантурата.
Не само што ова ќе не направи позадоволни, туку, како што се развива светот, од тоа ќе зависи и самата иднина.
Ние може да поминеме денови, месеци и години потонати во рутина, трукани низ инерција од обврски. Меѓутоа, како што пишуваат Гарсија и Миралес, по некое време, ќе се запрашаме дали навистина го живееме нашиот живот или се ограничуваме на преживување за да ги исполниме туѓите очекувања.
„Кога последен пат се запрашавте која е вашата мисија во животот?“ прашуваат авторите. Нивниот предлог е една практична вежба.
За оваа завршна вежба, подгответе си малку чај или својот омилен пијалок и седнете со пенкало и хартија. Одвојте доволно време, не брзајте. Можеби имате многу да направите: имате домашни обврски, мора да работите, да одите во продавница, да планирате патување овој викенд …, но што може да биде поважно од тоа да се усогласите со вашиот икигаи? Оставете сè што ве преокупира и дозволете си да изградите компас кој ќе ви помогне да патувате во согласност со вашиот икигаи. Во иднина, кога ќе се чувствувате изгубени, секогаш можете да му се вратите за да ве врати на вистинскиот пат.
Поделете ја хартијата на четири дела: она што го сакам, она што му е потребно на светот, она за што можат да ме платат и она во што сум добар.
- Она што го сакам
Ова е најлесниот дел од вежбата. Запишете сè што ви доаѓа на ум што ве прави да се чувствувате добро и среќно. Пишувајте брзо без премногу да размислувате. Бидете потполно искрени и запишете го само она што ви буди страст. Дали ви се допаѓа да спиете под theвездите? Запишете го! Среќни сте додека готвите ново јадење? Запишете го! Не судете дали нешто е добро или корисно во очите на општеството. Целта е да напишете сè што ве прави среќни. Започнете ја секоја реченица со „Ме прави среќен/на…
2. Она што му е потребно на светот
Ако планираме да поминеме поголем дел од времето правејќи ги работите што ги сакаме, нашето чувство за среќа ќе расте, но ние сме во опасност да западнеме во бунарот на егоизмот.
– Една од клучните работи за долг и здрав живот, што ни ја покажаа старците на Окинава, е дека сите тие припаѓаат на заедница каде си помагаат едни на други. Да се биде корисен меѓу луѓето околу нас е една од клучните работи затоа што ние сме толку остварени како човечки суштества – истакнуваат Гарсија и Миралес и ве советуваат да го допишете во вториот квадрат она што им е потребно на другите, не само на вашето семејство, пријатели, туку и на светот. Можете да започнете со ‘На мојот сакан/сакана му треба…’, потоа ‘На светот му треба …’ или поконкретно ‘На училиштето на моите деца му е потребно …’
3. За што можат да ме платат
Ако се ограничиме да го следиме она што го напишавме во првите два квадрати, можеби ќе бидеме среќни и ќе се чувствуваме корисни за другите, но исто така треба да ги заработиме своите плати и да располагаме со парите за своите потреби.
„ Веднаш забележавме додека живеевме со постарите лица во Окинава дека повеќето од нив сè уште имаат работа, дури и на возраст од осумдесет или деведесет години. На пример, продаваа зеленчук од нивната градина на локалниот пазар, а Јуки, која има 93 години, продаваше чанти и кожни паричници што ги направила самата. Не треба да се срамиме да бараме пари во замена за она што знаеме да го направиме. Комбинирањето на она во што сте добри со парична добивка, ќе ви овозможи да водите одржлив живот – пишуваат авторите.
Работата што веќе ја работиме директно ни дава пари, но има и работни места кои имаат потенцијал да го сторат тоа во иднина. Една од клучните работи за просперитет е да научите да размислувате долгорочно, без немирно исчекување. Во третиот дел од оваа вежба, можете да забележите што ви дава пари сега без да пресудите дали тоа ве прави среќни или не. Само напишете „Сега заработувам за живеење…“, а потоа напишете други опции за извор на приход од кој би можеле да живеете во иднина, како што е „Би сакал да заработам пари во иднина такашто…“
4. Она во што сум добар
Понекогаш е тешко за нас да знаеме во што сме добри затоа што нашиот потенцијал е прикриен поради емоционални искуства од минатото. На пример, ако имавме лош професор по математика или музика, сигурно ќе завршивме велејќи: „Не ми оди математика“. Или, „Јас не сум за музика“. Честопати ги блокираме нашите аспирации едноставно затоа што одлучуваме дека не ни „оди“ или други не убедиле во тоа. Но, всушност, можеме да бидеме што сакаме. И кој може да каже подобро од нас кој е нашиот талент?
Оставете го настрана тоа што ви го рекле другите и запишете што мислите искрено. Почнете ја реченицата во квадратот со: „Добар сум во …“ освен на своите постоечки доблести, обрнете внимание и на вештините што може да ги развивате ако си ја обезбедите потребната подготовка. „Во иднина, можам да бидам добар во … ако се подготвам работејќи на …”
Преминете на дело, наместо да бидете едноставни набудувачи, е клучно за избивање на икигаито од нашата внатрешност. Постои погрешно верување дека нашата животна цел е нешто магично што сме предодредени да го најдеме случајно или дека е производ на откровение. Меѓутоа, кога внимателно ги слушате приказните на луѓето кои ја нашле својата страст, сфаќате дека тоа не било случајност или магија. Упорноста и напорот со тек на време ги натерало да бидат добри во нешто и да развијат страст за тоа.
Ако веќе сте го нашле вашето икигаи, насочете ги своите пет сетила во тоа, како животот да ви зависи од тоа. Оставете сè друго настрана и направете вашата страст да стане целиот ваш свет, заборавете на времето додека ѝ се посветувате..
Ако сметаме дека е време за промена, можеби во почетокот чувствуваме страв, но штом ќе ја поправиме насоката, ќе сфатиме дека стравот е неоправдан. Кога забележувате дека во вашите денови доминира незадоволство, погледнете повторно на четирите квадрати и запрашајте се: Дали ги вклучувам сите четири компоненти на икигаи во мојот секојдневен живот? Дали само правам пари? Дали посветувам доволно време на моите страсти?
Фото: Pexels